Денот на училиштето одбележан во ЦОУ„ Христо Узунов“, село Другово

Денот на училиштето 24 април го одбележа ЦОУ„ Христо Узунов“ од село Другово. По тој повод во училиштето беше организирана културно –уметничка програма. На најистакнатите ученици кои освоија први, втори и трети награди на литературниот конкурс, натпреварот по англиски јазик и на првенецот на генерацијата Петранка Спасеноска им беа доделени дипломи и книги. -Со повеќе свечености денес го одбележавмe Денот на...

СЗО: Маларијата зема замав во Венецуела

Маларија брзо се шири во Венецуела, каде има 406.000 случаи во 2017 година, што е за 69 отсто повеќе отколку претходната година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Организацијата наведе дека бројот на заразени е за петпати поголем отколку во 2013 година. Мигранти од Венецуела, кои заминуваат од земјата поради економската и општествена криза, ја пренесуваат болеста во Бразил и други делови...

Приведен француски тајкун за корупција во Африка

Еден од најмоќните бизнисмени во Франција, Венсан Болор денеска е приведен поради сослушување во рамки на истрагата за наводна корупција преку профитабилни договори за пристаништа во Африка. -Болор е притворен во париското предградие Нантер, заедно со вработени во неговата компанија „Болор груп“ - изјави судски службеник, не соопштувајќи детали. Францускиот весник „Монд“ наведува дека истрагата е фокусирана на сомнежи во врска...

Иран ќе врши девизни трансакции во евра, наместо во долари

Техеран најави дека почнува со вршење девизни трансакции во евра, а не во долари, што е дел од долгогодишните напори на земјата за намалена зависност од американската валута, поради продлабочување на јазот со Вашингтон.   Гувернерот на Централната банка на Иран (ЦБИ) Валиолах Сеиф изјави дека врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи го поздравил неговиот предлог за замена на доларот со евро...

Притвор за убиецот од Торонто, обвинет е за десет убиства

Суд во Торонто денеска одреди притвор за 25-годишниот Алек Минасијан, кој со комби удри во група пешаци, усмртувајќи 10 лица. Тој се товари по 10 точки од обвинението за убиство со предумисла и 13 за обид за убиство. Медиумите информираат дека при читањето на обвинението, Минасијан носел бела затвореничка облека, бил со лисици на рацете и не покажувал речиси никакви...

Трамп: Договорот со Иран е смешен и луд

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Иран ќе се соочи со „проблеми поголеми од кога и да е“ доколку повторно ја покрене нуклеарната програма. - Луѓето ги знаат моите ставови во врска со договорот со Иран. Тоа беше ужасен договор, кој никогаш не требаше да се направи - изјави Трамп, оквалификувајќи го како „луд“ и „смешен“.  Претседателот на Иран, Хасан...

Димитров: Консолидирањето на Европа е невозможно без стабилен и просперитетен Балкан

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска од Стразбур порача дека консолидирањето на Европа е невозможно без стабилен, мирен и просперитетен Балкан.  Во обраќањето на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, министерот Димитров истакна дека во време на глобални предизвици и кризи неопходно е земјите членки на Организацијата да направат сеопфатни напори за имплементирање на преземените обврски од...

Заев: Посакувам, но не верувам дека за две недели ќе се реши спорот за името

Премиерот Зоран Заев не верува дека за две недели може да се реши спорот за името, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена. - Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за две недели би завршиле. Јас...

Трудо се огласи по нападот во Торонто

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадските власти не гледаат елементи за загрозување на националната безбедност во нападот врз пешаци во Торонто. Според него, тешкиот инцидент не го сменил нивото на опасност во Канада, иако се случил во време на состанокот на министерите за надворешни работи и безбедност од Г-7 во Торонто. Трудо рече дека Канада ќе направи се за...

Макрон пристигна во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија ги пречекаа денеска во Белата куќа францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, јави Си-Ен-Ен. Тоа е прва државна посета која Трамп ја приредува во Белата куќа. Покрај претседателската двојка, Макрон и сопругата беа пречекани и од потпретседателот на САД Мајк Пенс и шефот на кабинетот на Трамп Џон Кели. Во свечениот...