Од утре времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово
Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) на делницата Велес-Катланово, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Прична за времениот сообраќаен режим се градежните активности што ќе се одвиваат на мост од автопатската делница.
Во Сопиште утре можни прекини во водоснабдувањето
Во селото Сопиште утре се можни мали прекини во водоснабдувањето поради чистење и хлорирање на резервоарот за питка вода „Сопиште“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека прекините се можни од 9 часот и би траеле до завршување на интервенцијата.
Без струја утре неколку скопски села
Неколку скопски села утре во одреден временски период ќе останат без струја поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.
Без струја од 8 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани, Караулата Чашка и Викенд населбата Веле Поле.
Од 08:30 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел...
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Можеа да ја спречат неговата смрт
Наследниците на американскиот музичар Принс ги тужат синџирот аптеки „Волгринс“ и болница во Илиноис тврдејќи дека можеле да ја спречат неговата смрт во 2016 година доколку му била поставена точна дијагноза и го лечеле правилно.
Во тужбата стои дека лекарот и болничкиот фармацевт не го испитале случајот како што треба и не се осигурале дека популарниот пејач ги има сите...
Шарапова елиминирана уште на стартот во Штутгарт
Поранешната најдобра тенисерка во светот Русинката Марија Шарапова беше елиминирана уште во првото коло на турнирот во Штутгарт, откако Французинката Каролин Гарсија ја совлада со 2:1 во сетови.
Шарапова го доби првиот сет со 3:6, а потоа во тајбрејк го загуби вториот со 7:6.
Иако Русинката во третиот решавачки сет имаше почетно водство, Гарсија успеа да направи пресврт и победи со...
„Франс фудбал“: Извини, Андрес!
Главниот и одговорен уредник на списанието „Франс фудбал“, Паскал Фере, објави текст под наслов „Извини, Андрес!“.
Легендарниот фудбалер на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, никогаш не го доби признанието за најдобар играч на светот „Златна топка“, а според Фере тоа е „аномалија“.
Уредникот на „Франс фудбал“ наведува дека последна шанса да се исправат нештата и Иниеста да добие „Златна...
Пронајдено мумифицираното тело на основачот на династијата Пахлави
Мумифицираното тело пронајдено во близина на поранешниот Кралски мавзолеј во Иран покрена бројни спекулации дека тоа би можело да бидат посмртните останки на покојниот Реза Шах Пахлави, основачот на династијата Пахлави.
Според директорот на Техеранскиот совет за културно наследство, Хасан Халилабади, многу веројатно тоа е мумијата на Реза Шах.
Халилабади за иранските медиуми изјави дека телото било пронајдено при градежни работи...
Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес за кој сите мислеа дека е апсолутно погрешно, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со францускиот колега Емануел Макрон.
Изјавата на Трамп дојде како појаснување на неговата денешна забелешка дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „многу отворен и многу чесен“.
Тој истакна дека...
Грчко МНР: Хан да престане да ги поткопува преговорите и да дава погрешна слика
Грчкото Министерство за надворешни работи, попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.
- Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на...
МФ: Триесетгодишната обврзница ја подобрува структурата на јавниот долг
Министерството за финансии попладнево оцени дека издавањето подолгорочни хартии од вредност како денешната 30–годишна државна обврзница ја подобрува структурата на јавниот долг и го намалува ризикот за рефинансирање на долгот.
- Ако пред само неколку години сумата на издадените краткорочни хартии од вредност, таканаречени државни записи, беше неколкукратно повисока од долгорочните, сега таа состојба е драстично променета. Така, ако во...








































