СЈО ќе го презентира извештајот пред пратениците
Специјалната обвинителка Катица Јанева се очекува денеска да го презентира извештајот пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во шестмесечниот период од септември 2017 до март годинава, Специјалното јавно обвинителство завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија.
- Во текот на извештајниот период беа преземени голем број на...
Се оствари желбата на Клоп – Ливерпул пак верува во големи нешта
Менаџерот Јирген Клоп при доаѓањето во англискиот фудбалски клуб Ливерпул, пред две и пол години, порача, „потребно е скептиците да почнат да веруваат“.
- Ливерпул моментно е премногу нервозен, песимистички расположен и скептичен. Ја слави играта, но не верува во моментот. Сите гледаат единствено кон минатото, кон тоа што било пред пет, десет, дваесет години - порача Клоп во октомври...
Мотоциклист потешко, а осум лица полесно повредени во 10 сообраќајки во Скопје
Возач на мотоцикл e потешко повреден во една од 10. сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во четири била причинета само материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената,...
УНХЦР бара 5,6 милијарди долари за бегалците од Сирија
Цивилите веќе не ќе можат да бегаат од судирите и бомбардирањата во Сирија, бидејќи границите се строго контролирани, а соседните држави се преполни со бегалци, изјави високиот комесар на Обединети нации за бегалци, Филипо Гранди.
Тој се надева дека оваа година ќе се соберат 5, 6 милијарди долари од меѓународните донатори за итна хуманитарна помош за сириските бегалци, но напомена...
Продолжува судењето за „Тенк“
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Одбраната за денеска треба да ги обезбеди двајцата сведоци Дејан Митревски - Урко и Зоран Василевски кои не дојдоа во Судот на претходното рочиште, а ќе се чита и наодот од двајца вештаци.
На претходното...
Нагло зголемен бројот на нови мигранти во Грција
Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем, изјави грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас.
За време на дебата за новиот предлог-закон за азил, тој рече дека на островот Лезбос, каде се наоѓа најголемиот камп за мигранти, минатата година од Турција пристигнувале во просек 54 мигранти дневно, а само вчера пристигнале 206 нови лица.
На сите грчки...
Репортери без граници: Македонија 109-та според слободата на медиумите
Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та.
Во извештајот се наведува дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со...
„Возиме кон иднината“ – седма „Ролер трка“ во Скопје
Ученици од 30 и повеќе основни училишта од Скопје и од околината денеска ќе учествуваат на седмата „Ролер трка“. Годинава мотото на манифестацијата е „Возиме кон иднината“.
Стартот ќе биде на пладне на булеварот „Илинден“, од пред фонтаната „Лотосов цвет“ се до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“, кај ЈП „Паркови и зеленило“.
Организатори на трката се Град Скопје...
Во Виена нова рунда преговори за името
Шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска попладне во Виена ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц.
И претходната средба во ист формат беше одржана во Виена на 30 март. Во меѓувреме Коѕијас и Димитров имаа билатерални средба на 12 април во Охрид.
Грчкиот министер за надворешни...
Претпладне сончево, попладне појава на умерена облачност
Сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста...








































