„Делфинот“ – нова збирка раскази од Прокопиев

Неодамна, во издание на „Бегемот“, излезе новата збирка раскази од познатиот македонски писател Александар Прокопиев, под наслов „Делфинот“. Најновиот ракопис на Александар Прокопиев, книгата раскази „Делфинот“, претставува, пред сѐ, читателско уживање за оној што ќе влезе во неа. Леснотијата, која му прилега на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетското искуство што го има...

Две нови џебни книги афоризми на Миле Ѓорѓијоски

Откако претходно ги издаде првите џебни книги афоризми „Утрински афоризми“ и „Одиме на Венера“, македонски афористичар Миле Ѓорѓијоски, ја збогати својата колекција со уште две нови книги џебни афоризми, од кои во едната од нив „1.001 афоризам“ првпат кај нас се содржани и дел детски афоризми. Двете книги се збогатени со повеќе илустрации на познати македонски карикатуристи: Блаже Докуле,...

Врвни дизајнери и креативци доаѓаат во мај во Скопје

Меѓу нив се: Геерт де Таје од Белгија, креативен и мултинасочен фотограф што прави фотографии за компании како „Сачи енд Сачи“, „Ериксон“, „Тојота“, „Фолксваген“; Тамара Николиќ Ѓериќ, кураторка на Етнографскиот музеј на Истра; брачната двојка архитекти Билјана и Братислав Бранковиќ од Србија; Ралф Ѓони, кој работи во областа на комуникациите повеќе од 18 години и неговото искуство се протега...

Финската кинематографија само навидум е далечна и студена

Кинотеката на Македонија ја почна Неделата на современ фински филм, која ќе трае до 29 април. Селектор на филмовите е српскиот режисер Бојан Вулетиќ. Ќе бидат прикажани шест филма, пет играни и еден документарец, кои меѓусебно се разликуваат по темите и по формата. Филмовите претставуваат пресек на финската кинематографија во последниве две години, односно оној нејзин дел што досега...

Македонските читатели ги сакаат норвешките автори

Оваа недела во книжарницата „Или-или“ е посветена на романот „Битлси“ на скандинавскиот писател Ларс Соби Кристенсен. Читателите, низ дружба и музика од славниот британски бенд, ќе можат книгата да ја имаат за промотивна цена. Преводот од норвешки на македонски јазик е на Искра Бадева Ивановска. Излегувањето на книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ. - Норвешките автори во...

Продолжува судењето за нападот врз Села

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На претходното рочиште на 18 април сведочеа Александар Стојкоски, поранешен пратеник, а сега доктор на Клиниката за радиологија во Скопје, и новинарот Горан Трпеновски. Рочиштето тогаш беше привремено прекинато откако му...

Книга со голема лирска кондиција

(Ристо Василевски, „Оди во кругот“, „Матица македонска“, Скопје, 2017) Истакнатиот македонски поет Ристо Василевски последниве години објави неколку поетски книги со кои на своето богато лирско творештво му додаде нови пластови, отвори нови влезови за согледување и за интерпретација на неговите лирски светови. Неодамна во издание на „Матица македонска“ се појави неговата најнова збирка песни со слоевит наслов „Оди во...

Грчки медиуми: Клучна средба во Виена, спорно – опсегот на употреба

Како клучна и решавачка, грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Новинарите кај јужниот сосед, потсетуваат дека разликите остануваат непроменети, а тоа се грчкото барање за ерга омнес, односно име за севкупна употреба и уставна ревизија. - Господата Коѕијас,...

Научен собир посветен на Блаже Конески

Научен собир посветен на Блаже Конески во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи денеска во 10 часот. Собирот е посветен на 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески, „Земјата и љубовта“ (1948 г.) и 25 години од неговата смрт. На отворањето поздравно обраќање ќе има Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература. Вера...

СЛИКИ ОД МОИТЕ БЕЛГРАДСКИ ГОДИНИ (10)

Со Анте Поповски, пак, среќавањата беа почести. Во тоа време се запишав на постдипломски студии на факултетот во Белград и сѐ уште се опробував во разни жанрови - песни во проза, визуелна поезија, кратки и подолги раскази, есеи... одвреме-навреме објавувајќи во белградски и скопски весници и списанија. Татко ми уредно ги собираше објавените текстови и ги складираше, лепејќи ги...