Судирот на галаксиите создава „вселенски очи“
Судирот на две галаксии може да се забележи на најновата видео-снимка направена со вселенскиот телескоп „Хабл“, пренесуваат американските медиуми.
Галаксиите „НГЦ 2207“ и „ИЦ 2163“ наликуваат на очи. Тие се оддалечени околу 80 милиони светлосни години од Земјата.
Се очекува галаксиите потполно да се соединат за неколку милиони години.
На Тетово му треба повеќе зеленило
Активистите од неколку невладини организации од Тетово со симболичен пикник на градскиот плоштад од локалната самоуправа побараа да го зголеми зеленилото во градот. Тие на бетонската подлога илустративно поставија зелен теписон да асоцира на трева, а направија дрва и палма со отпадоци најдени на тетовските улици.
-Нашата акција е да се покрие сиво со зелено, зошто малку имаме зеленило. Со...
Се подготвува нова комедија во режија на Јордан Витанов
По успешното гостување на Јордан Витанов како режисер во кавадаречкиот театар во 2011 година со претставата „Хамлет од Долно Бошава“ од Иво Брешан, пред две недели почнаа подготовките на комедијата „Ужасите што ги предизвикува пасивното пушење“, текст на познатиот српски драматург Небојша Ромчевиќ. Праизведбата оваа комедија ја имаше во 2016 година кога беше поставена на репертоарот на белградскиот театар...
Филмска работилница на ЕСРА
Филмска работилница насловена „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“ се одржа вчера на универзитетот ЕСРА. Работилницата, која наедно е дел и од програмата на Скопскиот филмски фестивал, ја водеа Леа Мисиус и Кристоф Режин, филмски режисери од Франција. Откако режираа неколку кратки филма, Леа Мисиус и Кристоф Режин во 2017 ги претставија своите први играни филмови...
Абе: Успехот на самитите ќе значи и нормализација на односите помеѓу Токио и Пјонгјанг
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека успехот на идните самити на Северна Кореја со Јужна Кореја и со САД ќе значи дека Пјонгјанг и Токио можат да ги нормализираат своите односи.
- Успехот на тие два самита значи дека нуклеарното и ракетното прашање, како и прашањето за киднапираните Јапонци во Северна Кореја ќе бидат решени и во тој случај Северна...
Превентивни прегледи со семејно здравствено осигурување на „Еуролинк“
Сите клиенти што ќе го одберат семејното приватно здравствено осигурување на „Еуролинк“ или ќе го обноват својот договор, „Еуролинк“ во рамки на полисата им нуди и користење на сите превентивни прегледи во вредност до сто евра, со што на клиентите им овозможува современа превентива и ги поттикнува навремено да се грижат за своето здравје. Оваа новина осигурителната компанија ја...
Остинати огништа по села и градови
Во спогодбата потпишана на 27 ноември 1919 година, во чл. 56, беше предвидено да се направи доброволна размена на населението меѓу Бугарија и Грција. Така, во двете насоки, илјадници луѓе си ги смениле своите огништа. Под незапамтен терор, илјадници македонски семејства биле принудени да си ги напуштат сопствените прадедовски огништа
„Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе објави извадоци од...
Наша должност е да ги штитиме слободите на изразување и на објавување
Светскиот ден на книгата и авторското право по УНЕСКО се одбележа вчера во националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски - Скопје“. Пред присутните се обрати министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера, а беше прочитана и пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле.
Во пораката Алаѓозовски истакна дека книгата е врска меѓу минатото и иднината....
Тодориќ ќе ѝ биде испорачан на Хрватска
Судијата на Британскиот суд во Лондон вчера објави дека нема пречки за испорачувањето на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, на Хрватска за да му се суди пред домашните правосудни органи. Судијката побарала и притвор за Тодориќ, бидејќи смета дека не е доволна гаранцијата од 100 илјади фунти. Сопственикот на „Агрокор“, против кого се води судски процес за најголемата финансиска...
Сервер: Спорот за името мора да се реши ако сакате членство во ЕУ и НАТО
Спорот за името мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО, истакна Даниел Сервер, експертот за Балканот и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон на денешната собраниска Комисија за европски прашања коментирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија што го објави Европската комисија.
- Дури и ако ги направите сите нешта...







































