ЛШ: Реал Мадрид славеше на Алијанс арена против Баерн

Реал Мадрид славеше со 2:1 против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, што вечерва се играше на Алијанс арената во Минхен. Поведе Баерн со голот на Кимих во 28 минута, а изедначи Марсело со удар од работ на шеснаесетникот во 44 минута. Конечниот резултат го постави Марко Асенсио по една брза контра во 57 минута.

Грчкиот парламент одобри продажба на електроцентралите

Грчкиот парламент изгласа денеска продажба на електроцентрали од Националната електро-компанија и покрај протестите на вработените, кои ја оквалификуваа продажбата како „национален криминал“. Мнозинство пратеници го одобрија законот со кој државната компанија за снабдување со електрична енергија може да почне да ги продава електроцентралите од идниот месец. Приватизацијата на електроцентралите е меѓу барањата на меѓународните кредитори на Грција.

Ѓоковиќ: Не играв на моето ниво, ќе морам многу да работам

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Словакот Мартин Клижан уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона. - Жалам што не ги оправдав очекувањата - ниту на навивачите, ниту моите. Не играв на моето ниво и тешко е да се носите со вакви натпревари и порази - истакна српскиот тенисер. Ѓоковиќ вели дека му е јасно ако сака да се...

Направена тродимензионална мапа на Млечниот пат

Европскиот сателит „Геа“ овозможи тродеминзионално мапирање на речиси 1,7 милијарди ѕвезди во нашата галаксија и одредување на оддалеченоста од Земјата за 1,3 милијарди, соопшти денеска Европската вселенска агенција(ЕСА). - Тоа е многу богата архива на податоци и мислиме дека тоа од корен ќе ја промени астрономијата и нашето сваќање на Млечниот пат – вели Уве Ламерс, еден од водечките научници...

Вардарки поразени од Крим

Ракометарките на Вардар беа совладани од Крим сo 29:34 во последниот натпревар од регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и вчерашната победа против Будуќност на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица беа само формалност. По осумте победи и само едно реми, ова е прв пораз за „црвено-црните“ сезонава во која убедливо...

Туск: Самите Срби ќе одлучуваат за својата судбина

Иднината на Србија нема да ја одлучува ниту Москва, ниту Вашингтон, како ни Анкара, ни Брисел, туку самите Срби ќе одлучуваат за својата судбина, изјави претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск на заедничка прес конференција во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ. - Ќе одлучува само Белград. А ЕУ е место каде никој никому ништо не наметнува. Затоа вреди...

ПФЛ: Работнички подобар од Вардар

Работнички со 1:0 го совлада Вардар во 30. коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Ангелов во 56. минута. Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник 2:2 во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими и донесоа водство на Шкендија од 0:2 во воведните 20-тина минути, а Зоран Балдовалиев и Јани Атанасов од пенал беа прецизни за...

Нимиц: Двете страни се посветени кон изнаоѓање решение

Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели, изјави медијаторот Метју Нимиц по средбата што се одржа попладнево во канцеларијата на ОН во Виена. Министрите Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите. Премиерот Заев денеска изјави дека очекува да биде направен исчекор на средбата во Виена. - Има напредок кој ни...

Финска го прекинува проектот за исплата на основен приход од 560 евра

Финската Влада одлучи да не го продолжи пилот проектот за исплата на основниот приход, што привлече големо внимание кај светската јавност. Во моментов, 2.000 невработени Финци месечно добиваат 560 евра како основен приход. - Владата ја губи желбата да го продолжи финансирањето - вели Оли Кангас, еден од авторите на експериментот. Финска го започна двегодишниот пилот-проект во јануари 2017 година, како...

Расте бројот на сексуални напади во американската војска

Американските власти соопштија дека бројот на пријавени сексуални напади во сите родови на војската е зголемен за 10 отсто во 2017 година. На вкупното зголемување најмногу придонесе порастот од 15 отсто на бројот на пријавено сексуално насилство кај маринците, наведуваат претставници запознати со податоците. Маринците беа во фокусот на минатогодишната истрага на Морнаричко-криминалистичката служба(НЦИС), а беше и покрената кампања за подигање...