Во Ресен во шума пронајдено лице обесено на дрво

Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19:30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот...

За три месеци за 5 отсто прилепски „Комуналец“ ја зголемил селекцијата на отпадот

ЈКП „Комуналец“ Прилеп ја зголеми селекцијата на собран отпад за пет отсто велат надлежните. -Во однос на собраните 178 тони отпад од пакување минатата година, селекцијата на отпад во првите три месеци е зголемена за 5 отсто, или вкупно се собрани 187 тони отпад. Во примарната селекција на отпад ги вклучивме и руралните населени места од општина Прилеп. Во првото...

Кривични за Кирил Божиновски и Христијан Делев

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и поранешниот заменик министер Христијан Делев поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, со што е нанесена...

Одбележани 70 години од првата стихозбирка на Конески и 25 години од неговата смрт

Научен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ и 25 години од неговата смрт се одржа денеска во Институтот за македонска литература во Скопје. Директорката на Институтот, Маја Јакимовска-Тошиќ во обраќањето рече дека Конески и дал јазик/јазичен израз на својата епоха, што се совпаѓа во неговиот животен ангажман. Посочи дека песните на Конески...

Македонскиот алпинист д-р Петков на чекор до Еверест

Сите седум алпинисти од мешовитата меѓународна експедиција „Еверест 2018“ се чувствуваат добро и се наоѓаат во одлична психофизичка кондиција за време на тренинзите на Хималаите, рече денеска во краткиот телефонски разговор гевгеличанецот д-р Ѓорги Петков кој е единствен македонец во експедицијата. - Денеска имаме слободен ден и во моментот сме во базниот логор откако вчера се вративме од кампот 2...

Хенк Азарија се откажува од Апу, по контроверзите со „Симпсонови“

Актерот Хенк Азарија кој го позајмува гласот за ликот на Апу во популарната анимирана серија „Симпсонови“, истакна дека е подготвен да се откаже од улогата или да биде заменет од азиски актер, по контроверзите што ликот, наводно, ги предизвика во САД, пренесува „Гардијан“. Азарија го соопшти неговиот став во гостување на телевизиска емисија, во која јавно ги повика творците на...

Милионерот Мадсен осуден на доживотен затвор поради убиство на новинарка

Данскиот милионер Пeтер Мадсен (47) денеска е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на шведската новинарка Ким Вал (30) на неговата подморница. Мадсен најави дека ќе поднесе жалба на пресудата на данскиот суд. Тој негира дека ја убил новинарката, тврдејќи дека таа случајно починала, но призна дека го исекол нејзиното тело и деловите ги фрлил во море. Полицијата го уапси...

Во Прилеп отворена изложбата „Споменици на револуцијата“ од Марко Кројач

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложбата „Споменици на револуцијата“ од авторот Марко Кројач. Уметникот кој живее и работи во Берлин, на патувачката изложба се претставува со 50 фотографии преку кои ги архивира партизанските споменици од бивша Југославија и покажува како се менувале културните сеќавања и концептите на идентитетот на балканските простори од Првата светска...

Се косат нараснатите тревни површини во општина Кисела Вода

Акција за косење и расчистување на тревните површини денеска почна да се спроведува низ општината Кисела Вода. Преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ангажирани се сезонски работници кои рачно и со тримери денеска работат на просторот покрај трим патеката и во други делови на населбата 11 Октомври, како и во Бирарија, Црниче, Пржино и Драчево. - Акцијата за косење на...

Над 300 светски концерти само во последниве осум години

По повод одбележувањето 25 успешни години на „Авалон“, првиот човек на продукцијата, Бобан Милошески, вели дека многу се работело во изминатите 25 години, понекогаш се грешело, но сепак ништо не би сменил - од првата резервација за три концерти на ЕКВ досега. Изработен е и краток филм за одбележување на јубилејот, со потсетување на серијата концерти на Каролина Гочева...