Арсенал имаше сѐ, но не победи

Арсенал 80 минути играше со фудбалер повеќе, гостите немаа ниту тренер на клупата, лондончани имаа посед на топката од 72 отсто (85 отсто во вториот дел), упатија 28 удари на голот (Атлетико шест), но полуфиналето во Лига Европа заврши со реми, 1-1 Арсенал имаше играч повеќе дури 80 минути на мечот против Атлетико (1-1, стрелци Лаказет во 61-та за Арсенал,...

Гонзалес: Подготвени сме и мотивирани, сакаме уште еден фајналфор

Постои одреден психолошки притисок, бидејќи многумина мислат дека лесно ќе биде да се победи во Скопје. Сепак, имаме голема можност, која треба да ја искористиме. Ќе биде тешко, но се надевам дека ќе успееме, вели Гонзалес, тренерот на Вардар, пред реваншот со Кил во ЛШ, в недела (17 ч.) Нѐ очекува второто полувреме против Кил, но сега во наша сала...

ДПМ избира ново раководство

Друштвото на писателите на Македонија денеска на редовно Изборно собрание ќе избере ново раководство. Кандидати за нов претседател на ДПМ се Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска, кои според Статутот на ДПМ, со програми ги најавиле своите кандидатури.  Соња Стојменска Елзесер е родена во 1963 година. Таа е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во...

Рускиот патријарх Кирил во историска посета на Албанија

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил денеска ќе допатува во тридневна посета на Албанија. Поради посетата, преземени се засилени безбедносни мерки од страна на Министертвото за внатрешни работи и албанската тајна служба (ШИШ), а за неговата безбедност ќе се грижи и руско обезбедување, кое е секогаш во придружба на патријархот. Посетата е на покана на Албанската афтокефална православна црква, чиј...

ЕП 2024 во Германија или во Турција

Германија досега била домаќин на едно ЕП и две СП, а Турција досега не била организатор на светски или континентален фудбалски собир Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) и Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) официјално поднесоа кандидатури до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на 17. Европското првенство (ЕП) во 2024 година. Во следните недели УЕФА ќе почне со разгледување на понудите на...

„Вембли“ се продава за една милијарда евра

Можен купувач е Пакистанецот со американски пасош Шахид Кан, газдата на фудбалскиот клуб Фулам, кој се надева дека договорот со Фудбалската асоцијација на Англија ќе биде склучен најдоцна за 12 недели Милијардерот Шахид Кан, Пакистанецот со американски пасош, газдата на фудбалскиот клуб Фулам од 2013 година, се надева дека договорот за купување на стадионот „Вембли“ во Лондон од Фудбалската асоцијација...

Да не се повторат настаните од 27 април во Собранието

Во собраниската прес-сала вчера, на годишнината од насилствата во Парламентот, прес-конференција одржаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери. Тие беа придружувани од пратеници на СДСМ и ДУИ и поранешни народни избраници, сега градоначалници, како и припадниците на обезбедувањето кои таа вечер беа повредени или во прес-салата.  Заев и Џафери на прес-конференцијата ја отфрлија можност за амнестија на...

Заканите во рамките на НАТО

Во сојузот изграден на демократските идеали се забележува подемот на авторитарните лидери Роб Бершински Во предизборието, повеќето набљудувачи сметаа дека тој сигурно ќе победи, долгогодишниот евроазиски автократски лидер кој е против човековите права, злобните западни сили и алчните „меѓународни шпекуланти“. Тој вети дека ако го добие четвртиот мандат, дека брзо ќе им се одмазди на непријателите на државата. Неговата владејачка партија...

Прекин на сообраќајот на патот Пршовце – Јегуновце

Прекин на сообраќајот денеска ќе има на патот Пршовце - Јегуновце поради негово асфалтирање, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска...

Злосторство без казна за ирачката војна

Бившиот претседател на САД Џорџ Буш или членовите на неговата администрација сигурно нема да одговараат пред суд за почнување војна на агресија против Ирак во 2003 година. Но сепак е важно да се нагласи дека тоа е нелегално и спротивно на меѓународното право, особено во момент кога САД се однесуваат толку агресивно кон земји како Иран Питер Сингер Весникот „Њујорк тајмс“...