Вилата на Микеланџело се продава за 7,5 милиони евра
Вилата која му припаѓала на славниот фирентински уметник Микеланџело Буонароти се продава 7,5 милиони евра.
Таа се наоѓа во областа Кијанти, Тоскана, и се простира на 1.200 метри квадратни, а има десет спални соби и седум бањи.
Куќата, која славниот уметник ја сметал за свој дом, ја купил во 1549 година, а семејството Буонароти ја поседувало се до 1867 година.
Сегашните сопственици...
Буфон: Јувентус мора да ја зачува предноста на табелата
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека неговата екипа мора да ја одржува предноста, за да го зачува првото место на табелата во италијанската фудбалска Серија А.
- Фрливме пет важни бодови на последните натпревари. Се уште сме на првото место, но со предност од само еден бод. Наша цел и должност е да ја зачуваме предноста до крајот на...
ЕИБ одобри кредит за изградба на трансевропски автопат низ БиХ
Европската инвестициска банка одобри два кредита во вкупна вредност од 150 милиони евра за изградба на трансевропски автопат низ Босна и Херцеговина.
- Кредитите, одобрени од институцијата за време на официјалната посета на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на БиХ, ќе бидат искористени за финансирање два дела на трансевропската мрежа „Коридор 5ц“, која ја поврзува Будимпешта и источна Хрватска...
Грција и кредиторите ќе ги завршат преговорите за олеснување на грчкиот долг до 21 јуни
Грција и нејзините кредитори, до 21 јуни ќе ги завршат преговорите за олеснување на долгот на земјата, изјави грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос по вчерашната средба на министрите за финансии од еврозоната во Софија.
Цакалотос повтори дека Грција не би сакала да бара превентивна кредитна линија откако во август ќе и заврши спасувачката програма. Сепак, тој додаде дека во...
Меркел и Трамп разговараа за Северна Кореја, Иран и трговијата
Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон изјави дека одлуката за иранскиот нуклеарен договор останува на САД.
Таа рече дека ќе ги продолжи блиските разговори со САД во момент кога се приближува 12 мај, до кога Трамп треба да одлучи дали Вашингтон би вовел повторни санкции за Техеран, што би значело излегување...
„Амазон“ оствари раст на приходите од 43 отсто
Американскиот гигант „Амазон“ забележа раст на приходите од 43 отсто, на 51 милијарда долари.
Овој пораст е поттикнат од зголемениот обем на продажба во онлајн-продавниците во САД.
Исто така, Амазон двојно ја зголеми својата нето-добивка, која достигна 1,6 милијарди долари.
Основачот на Амазон, Џеф Безос моментно е најбогатиот човек на светот, според листата на Форбс.
Амазон неодамна беше цел на критики од страна...
Инфлацијата во Венецуела ја урна берзата
Инфлацијата во Венецуела достигна толку високо ниво што ја урна берзата, пренесуваат светските медиуми.
Регулаторите треба да најдат начин да „отстранат“ три нули од цените на акциите на берзата, бидејќи компјутерите не можат да го издржат растот на вредностите на локалните акции.
Оваа земја има највисока стапка на инфлација во светот со годишна стапка од 15,57 отсто. Месечната стапка на инфлација...
Јапонија го „оживеа“ роботот-трансформер
Хуманоиден робот што може да се трансформира во спортски автомобил за 60 секунди, беше претставен во Јапонија.
Сино-белиот робот наречен „Џеј-деите рајд“ е висок 3,7 метри, а во него може да има двајца патници додека го менува обликот.
Во Кичево отворена изложбата „Москва денес“
Вечерва во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, во присуство на голем број љубители на уметноста од сите генерации, беше отворена изложбата „Москва денес“, која се базира на официјални фото-материјали доставени од главниот град на Русија и го отсликува современиот урбан живот во руската метропола.
- На вечерашната изложба „Москва денес“ преку фотоматеријали беше презентиран современиот урбан живот...








































