Управувачкиот комитет за кризи ја продолжува граничната стратегија 

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи на денешната седница донесе одлука за продолжување на стратегијата за состојбата на подрачјата на јужната граница и северната граница на Република Македонија, таа да се достави до Владата, а потоа и до Собранието. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, беше разгледана информацијата за подготвеноста на надлежните институции...

Туск: Кореја и Балканот покажуваат дека ништо не е невозможно

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека вестите од Кореја и она што во последните денови го доживеал на Балканот покажуваат дека „невозможносто може да стане можно“. „Она што го чув од Кореја и што го доживеав на Балканот во последните денови би требало да биде позитивен потсетник за сите: Невозможното може да стане можно и оти се зависи...

Отворените спорови да се решаваат во духот на добрососедството

Одговорноста сега е кај земјите-кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите, кои од нив се бараат, заклучија учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје. Свесни сме, како што се наведува во заклучоците од Самитот, дека владеењето на правото, основните...

Исповед на акушерка на Исламска држава: За секое породување се надевав дека ќе биде последно

Со помошта на Самира ал-Наср (66) беа родени илјадници бебиња во текот на претходните четири децении во сирискиот град Рака, но таа вели дека ништо не може да се спореди со нејзиното искуство како акушерка на Исламската држава (ИД) во изминатите две години, кое го опишува како гротескно, пренесува „Вашингтон пост“. Веднаш по раѓањето на детето на турски борец на...

Лидерите од Брдо-Бриони разговараат за интегрирање на регионот во ЕУ

Подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла во контекст на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан е во фокусот на разговорите на состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони, кој почна денеска попладне во Скопје. Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и Словенија Колинда Грабар Китаровиќ...

Министерски работен ручек на маргините на Самитот на Брдо Бриони Процес

Колку повеќе зборуваме со еден глас и си помагаме едни со други во регионот, толку побрзо ќе одиме сите напред. Натпреварот во реформи, во тоа што има значење за нашите граѓани денес и утре, е единствениот политички натпревар што му треба на Балканот. Ова го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на работниот ручек што го приреди на маргините на...

Заев и Џафери ја отфрлија можноста за амнестија за насилниците од 27 април

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки.  - Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако...

Седумнаесет цивили загинаа при гранатирање близу Дамаск

Седумнаесет цивили, од кои седум деца, се убиени денеска при бомбардирањето изведено од сириските провладини сили насочено против палестинскиот бегалски камп Јармук, јужно од главниот град Дамаск, каде се утврдени џихадисти од терористичката група „Исламска држава", соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права. Невладината организација информира и дека меѓу 19 и 26 април, во гранатирањата и престрелките во обид...

Извлечено возило од езерото Калиманци

Специјалната нуркачка екипа на Министерството за внатрешни работи попладнево од езерото Калиманци извлече возило марка „Ауди“. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека од вчера специјални тимови со чамци го истражувале теренот, кој бил обезбеден од полициските службеници. Од водите на езерото Калиманци извлечено е возилото кое било со швајцарски регистерски таблички. Во меѓувреме, МВР соопшти дека М.Н. (44) од Виница...

Заев: Нападот во Собранието беше напад врз демократијата

Нападот на 27 април во Собранието не беше напад против нас туку против демократијата, тоа беше повеќе од криминал, рече меѓудругото премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Собранието на РМ со претдсетлот на Парламентот Талат Џафери, на годишнината од насилствата на 27 април. Заев кажа дека се уште не може да прифати дека некои од оние што влегоа во...