Писателката Сала Симука доаѓа во Македонија
Современата финска писателка Сала Симука, авторка на бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“ го потврди своето доаѓање во Македонија, а љубителите на книгата ги поздрави со посебно видео обраќање на социјалните мрежи.
Нејзините три романи во издание на „Бата прес“ се објавени на македонски јазик, а на 8 мај ќе бидат промовирани во...
Повеќе делови од Скопје без струја
Поради закажани технички зафати во електро-системот без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Арачиново, Кисела Вода и Карпош.
Во периодот од 10.55 до 12.55 часот без струја ќе бидат делови од населба Ченто, хангарите на патот за Арачиново во Гази Баба, од 8.55 до 10.55 часот делови од селата Орланци, Мојанци и Арачиново, во општина Арачиново,...
Делови од Центар и Студеничани без вода
Поради водоводен уличен дефект на цевка Ф 100 мм на ул. „Костурски Херои“ бр. 6, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од ул. „Костурски Херои“ во општина Центар од 8.30 часот до завршување на работите.
Од РЦУК известуваат и дека поради чистење и хлорирање на резервоар Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување...
Боите на Бурано
Фотографиите на Тања де Паскалис го покажуваат шармот на италијанскиот остров Бурано во Венецијанската лагуна. Фотографката од Милано ги прикажа живописните фасади, порти и канали на островот кои ги привлекуваат туристите од целиот свет.
ЕУ, Мексико и Канада без царини при увоз на алуминиум и челик во САД до јуни
САД одлучија Европската унија, Канада и Мексико до 1 јуни да бидат изземени од царините за увоз на челик и алуминиум, соопшти Белата куќа.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и со ЕУ за 30 денови.
– Во тие преговори администрацијата останува фокусирана на квоти што ќе ограничат увоз и ќе се зачува националната...
Салах е најдобар во Премиер-лигата и според англиските новинари
Мохамед Салах од Ливерпул беше избран за „Играч на годината“ во изборот на англиската асоцијација на фудбалски новинари.
Ова тело брои повеќе од 400 членови, а египетскиот играч, кој ја игра сезоната на својот живот во Ливерпул и е на прагот од пласман во финалето на Лигата на шампионите, е првиот играч од оваа африканска земја кој ќе ја добие...
Во Египет затворени автопатишта поради песочна бура
Поради песочна бура што погоди делови од Египет затворени се автопатиштата во јужните провинции. Песочната бура уследи по обилните дождови во Каиро и другите делови на земјата.
Песокот и прашината ја ограничуваат видливоста, а според прогнозите слични временски услови ќе има до четврток.
Минатонеделните обилни дождови предизвикаа поплави во Каиро и други делови на Египет, при што под вода беа патиштата...
Промоција на романот „Еретички писма“ од Стефан Марковски на годинешниот Саем на книга
Во издание на Издавачкиот центар „Три“ деновиве излезе од печат романот „Еретички писма“, со поднаслов „Наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски. Промотор на романот е универзитетскиот професор, теоретичар, лингвист и писател проф. д-р Димитар Пандев, а промоцијата е закажана за 4 мај (петок) во 17 часот на штандот на Издавачкиот центар „Три“ .
- Романот „Еретички писма“...
Американски милионер открива траги за пронаоѓање на неговото закопано богатство
Милионерот и трговец со уменички дела, Форест Фен (87), тврди дека околу 350 илјади луѓе досега, безуспешно се обиделе да го пронајдат богатството кое тој го закопал во Карпестите Планини во САД, во 2010 година. Потрагата повторно е засилена, откако телевизијата Си-ен-би-си сними документарен филм за невообичаената приказна. Според Фен, богатството е закопано некаде помеѓу Санта Фе, во Ново...
Шекеринска-Матис: САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО
Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата. Ова беше речено на официјалната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Пентагон.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Матис на почетокот од...








































