Ф1 најавува промени, се олеснува претекнувањето за поинтересни дуели на патеките

Поедноставно предно крило, кое ќе носи помалку воздух кон гумите, пошироко и подлабока задно крило, како и поедноставени сопирачки се дел од промените на правилата за аеродинамика во Ф1, што ги објави ФИА. Сите овие одлуки се земени по детално истражување и се одвоени од регулативите на Формула 1, предвидени за 2021 година. Покрај тие мерки, ФИА продолжува да...

Младиот пијанист Арда Мустафаоглу победи на меѓународниот натпревар „ЕМјуз“

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место на меѓународниот он-лајн музички натпревар „EMuse“ организиран од меѓународната асоцијација за уметност „The Muse“ од Атина. Дваесет и седум членови на меѓународното жири меѓу кои Petras Genusas (Литванија), Elena Kuznetsova (Русија), Lydia Frumkin (САД) и Boris Rozin (Русија), одлучија петнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу како првонаграден да настапува на концерт во византискиот музеј...

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА

Пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква(СПЦ), што викендот почна во Пеќката патријаршија, продолжува денеска во Белград, а меѓу темите е и барањето на МПЦ-ОА до БПЦ да и биде мајка црква, како и новата територијална организација на СПЦ што ја засега и Македонија. Српските медиуми пренесуваат дека на Саборот ќе се расправа одлуката на Бугарската црква...

Викенд одбележан со брзо возење, казнети 117 возачи

Дваесет и четири лица се здобиле со полесни повреди во 15 од вкупно 23 сообраќајки случени во текот на изминативе два дена на подрачјето на СВР Скопје, а во осум била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека во изминативе два дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и седумнаесет возачи се движеле со брзина поголема...

Почувствуван умерен земјотрес во околината на Атина

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер бил почувствуван синоќа во близина на Атина, а засега нема информации за материјални штети или повредени. Епицентарот се наоѓал на 29 км североисточно од Атина, на длабочина од 9,4 километри. Потресот се почувствувал во грчкиот главен град и предградија, јавија грчки медиуми.

Земјотрес на Тајван, нема информации за жртви и материјална штета

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе крајбрежјето на Тајван, а локалната сеизмолошка служба соопшти дека нема податоци за жртви и материјална штета. Потресот бил почувствуван во североисточниот дел на островот. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан, на 62 километри од брегот, на длабочина од 10 километри под морското дно.

Сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд, особено на исток. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена...

Шкотска прва во светот воведува минимална цена на алкохолот

Шкотска стана прва земја во светот која воведува минимална цена на алкохолот, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат една единица алкохол да нема цена под 50 пени. Ваквата владина мерка треба да обезбеди намалување на голем број смртни случаи на годишно ниво, кои се поврзани со алкохолот. Како што се наведува, тоа значи дека шише вино од 750...

Бриселскиот „Атомиум“ одбележува 60 години постоење

Познатиот бриселски споменик „Атомиум“ оваа година одбележува 60 години постоење, а по тој повод ќе се одржат повеќе манифестации. Делото е изградено за Светската изложба од 1958 година во Брисел, а надворешниот изглед го дизајнирал Андре Ватеркејн, додека ентериерот е дело на Андре и Жан Полак. „Атомиум“ е висок 102 метри и е изграден од не’рѓосувачки челик, а композицијата од девет...

Стејт департмент: Албанија и понатаму лидер во перење пари

Според американскиот Стејт департментот Албанија и понатаму останува земја лидер во перење пари. Во извештајот за 2017 година се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции. Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе. - Изградбата, посебно во крајбрежните области,...