Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје
Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје.
Како што информира МВР, случајот синоќа во 21.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Нетанјаху: Израел не сака војна со Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не сака војна со Иран, само еден ден откако објави информации за кои тврди дека се докази за тајните напори на Техеран да се стекне со нуклеарно оружје и покрај Договорот од 2015 година за ограничување на иранската нуклеарна програма.
- Никој не сака таков развој на настаните. Иран е тој што ги...
Ковачевски: Во РЕК Битола нема криминал и корупција
РЕК Битола ги отфрла сите обвинувања од вчерашната изјава на Христијан Мицкоски за наводен криминал, корупција и непотизам во работењето на нашиот најголем електро-енергетски комбинат во државата.
Во интерес на вистината, ја информираме јавноста дека носител на јавната набавка за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола е фирмата ГП Пелистер од Битола, согласно договорот ГП Пелистер има можност...
Голем пожар во фабрика за батерии во близина на грчкиот град Ксанти
Грчката противпожарна служба се обидува да го стави под контрола пожарот што избувна попладнево по 13 часот по локално време во фабриката за батерии „Санлајт“ во близина на градот Ксанти, во североисточниот дел на Грција.
Според локалните медиуми, пожарот го уништил централниот објект, а горат главно запаливи материјали, течности за батерии и пластика и постои опасност од експлозии, па затоа...
Владата најавува законски измени за намалување на извршителските тарифи
Владата формира работна група која треба да изготви законски измени за намалување на севкупните трошоци во структурата на извршните решенија.
Како што соопшти денеска премиерот Зоран Заев, предвидено е постојните 42 тарифи во извршителските служби да се намалат на десетина, да се отстранат дополнителните адвокатски трошоци, а побарувањата за комуналните услуги да ги наплаќаат самите претпријатија.
Секој треба да се откаже...
Први мај во регионот – малку протести, повеќе прошетки во природа
Меѓународниот празник на трудот во државите од регионот се одбележува различно, со помали и воглавно симболични протести на синдикалците и со излети во природа.
Во Хрватска 1 мај се одбележува со симболичен протест на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска и Матицата на хрватските синдикати под слоганот „За реформи, за луѓето“.
Протестот е организиран со барања за правдени плати, подобри услови...
Најавена нова мерка за раст на платите
Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите.
Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.
Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.
- Целта е една –...
Најмалку една жртва во пожар во Сао Паоло
Најмалку еден човек загина во пожар што изби во напуштена зграда во центарот на Сао Паоло. Станува збор за зграда со 26 спратови која поради пожарот се урна, јавија локални медиуми.
Според бразилски медиуми во зградата живееле околу 150 луѓе кои ги користеле претежно првите 10 спратови.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 160 пожарникари со 57 пожарникарски возила.
Првомајски протести ширум светот, апсења во Турција
Ширум светот денеска по повод Денот на трудот се одржуваат протестни собири и маршеви со барање владите да се посветат на прашањата на работниците. Во некои држави властите ограничија протестни активности, а во Турција тоа резултираше со апсења.
Полицијата во Истанбул уапси повеќе од десет демонстранти кои тргнаа на марш кон градскиот плоштад Таксим спротиставувајќи се на забраната. Турција забрани...
Синдикалците ги доставија барањата до Владата
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.
Претходно, пред зградата на Владата сите синдикални здруженија дојдоа обединети, иако протестните маршеви ги почнаа на различни локации.
- Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото...








































