САД одлучија Европската унија, Канада и Мексико до 1 јуни да бидат изземени од царините за увоз на челик и алуминиум, соопшти Белата куќа.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги продолжи преговорите со Канада, Мексико и со ЕУ за 30 денови.

– Во тие преговори администрацијата останува фокусирана на квоти што ќе ограничат увоз и ќе се зачува националната безбедност – се наведува во соопштение.

Трамп во март одлучи за воведување увозни такси од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум. ЕУ состави листа на американски производи за кои ќе воведе царини ако не биде изземена од мерките на САД.