„Кембриџ аналитика“ почнува постапка за стечај
Британската компанија „Кембриџ Аналитика“ почнува постапка за стечај и веднаш ги запира сите активности, јавија светските медиуми.
- Утврдивме дека не можеме да продолжиме со нашиот бизнис - соопшти компанијата.
„Кембриџ Аналитика“ беше во центарот на скандалот со лични податоци на корисници на социјалната мрежа Фејсбук, кои ги употреби без нивна согласност.
Фелаини бара повисока плата за да остане во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, се уште нема потпишано нов договор со клубот, а според британските медиуми, причина за тоа е незадоволството од понудената плата од 140.000 фунти неделно.
Договорот на Фелаини истекува ова лето, но и покрај взаемната желба за продолжување на соработката таков договор се уште не е потпишан.
- Минатата година бев кај тренерот и му реков...
Владата ќе спроведе мерки за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата
Владата на Р. Македонија и УНПФА ќе потпишат договор за заеднички придонес за примена на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата, соопшти владината прес-служба по денешната 66. седница.
- Владата како материјал за информирање ја разгледа и ја усвои Информацијата за потпишување на договор за заеднички придонес помеѓу Владата на Република Македонија и УНПФА...
Вработените на „Еурокомпозит“ не постигнаа договор со Владата
Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените.
- Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со...
Утрински навики кои можат да ви го променат животот
Личниот тренер и нутриционист Моника Меј, пренесува 15 здрави утрински навики благодарение на кои ќе се чувствувате подобро, посилно и поодморено.
Секое утро будете се во приближно исто време
Напијте се чаша топла вода и исфрлете ги токсините од телото
Вежбајте јога, направете неколку пози во кревет
Отворете го прозорецот за да влезе свеж воздух
Избегнувајте телефон и компјутер...
Заев: Ако не се постигне решение, ќе ја донесеме Европа во Македонија
Доколку некако бидеме и понатаму блокирани пред НАТО и ЕУ, ние ќе мораме Европа да ја донесеме во Македонија, оти друго поинаку нема како, изјави премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.
Прашан дали Владата има втор план доколку не се постигне...
Поранешен романски министер обвинет за убиство
Обвинители од романската Национална дирекција за борба против корупција (НДБК) денеска го изведоа пред суд поранешниот вицепремиер и поранешен министер за внатрешни работи, Габриел Опреа, под обвинение за убиство без предумисла.
Обвинението е во врска со сообраќајна несреќа од 2015 година во која почина еден полицаец кој бил дел од моторизираната придружба на министерот. Полицаецот Богдан Џиџина (28) загина во...
Нов обид за избегнување на трговската војна меѓу Кина и САД
Кинескиот вицепремиер Лиу Хе, кој се смета за водечки економски советник на претседателот Си Џинпинг, неделава ќе се сретне со висока американска делегација во Пекинг, со цел да се види дали е можно да се постигне решение со кое ќе се избегне најавеното воведување царини за челик, алуминиум и други производи.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини за увоз на...
Македонија ќе отвори почесни конзулати во Едрене и Алмати
Република Македонија ќе отвори почесни конзулати во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати, одлучи Владата на денешната 66. седница.
Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на Р.Македонија во Казахстан е именуван Султан Мукшаев, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
При пожар во зграда во Сао Паоло најмалку 44 исчезнати
Бразилските власти трагаат по најмалку 44 лица, кои се водат како исчезнати по вчерашното уривање на 24-катна зграда зафатена од пожар во центарот на градот Сао Паоло, јави ДПА.
Првично беше соопштено дека при инциднетот загинало едно лице, меѓутоа локалните власти денеска соопштија дека досега официјално не е потврдена смртта на ниту еден цивил или пожарникар, кој учествувал во акцијата...








































