Република Македонија ќе отвори почесни конзулати во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати, одлучи Владата на денешната 66. седница.

Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на Р.Македонија во Казахстан е именуван Султан Мукшаев, се наведува во соопштението на владината прес-служба.