Експлозија за време на еврејски празник во Лондон

Од експлозија десет луѓе се здобиле со изгореници во северен Лондон, соопшти полицијата. – Десет луѓе се здобиле со изгореници по палење оган на отворено како дел од празнување на локална еврејска заедница во Ревенсдејл роуд, на Стамфорд Хил, соопшти полицијата. Во соопштението се додава дека нема информации за криминална дејност и сериозни повредени. Експлозијата најверојатно била предизвикана откако во огнот бил...

Куманово ја победи Блокотехна и се зацврсти на четвртото место

Во рамките на 9-тото коло од кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово синоќа како домаќини ја совладаа екипата на Блокотехна со 89:83 (51:42) со што ја забележаа и петтата победа во супер лигата. Во натпревар во кој што и двете екипи влегоа како пласирани во фајнл форот поради што најверојатно тие синоќа во натпреварот влегоа малку порастеретени и полераксирано, победата...

Симон Трпчески со успешен концерт во лондонски „Вигмор хол“

Македонскиот пијанист Симон Трпчески кој оваа сезона беше резидентен артист на лондонски „Вигмор хол“, синоќа во британската престолнина имаше самостоен рецитал. Изведбата на дела од Григ, Менделсон и Римски-Корсаков, уште еднаш ја разнежнија пребирливата лондонска публика, чии овации нашиот пијанист ги награди со три биса. - Го направив изборот од разновидна несекојдневна програма онака како што и јас сакав и драго ми е што...

Во Кривичен нови рочишта за „Триста“ и „Насилство во Центар“

Нови рочишта денеска во Кривичниoт суд треба да се одржат за предметот „Триста“ и за одвоената постапка во случајот „Насилство во општина Центар“. Одвоената постапка е за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“. Судијката на главната расправа за него одлучи да ја раздвои постапката, па нему ќе му се суди одвоено. Крстев се изјасни дека не е виновен....

Димитров и Коѕијас повторно заедно на квадрилатералната средба во Солун

Во Солун вечерва почнува третата квадрилетерална средба на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, на која високи претставници на четирите земји ќе разговараат за начините за зајакнување на соработката во насока на интегрирање во Европската унија. Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето...

Облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи...

ФИФА размислува за Мундијал во мини формат

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, предложил да се организира натпреварување на кое би учествувале осум репрезентации и на извесен начин би претставувало Светско првенство во мал формат, што би се одржувало на секои две години. Шампионатот, кој би се викал „Фајнал ејт“ би претставувал кулминација на Купот на нациите, а идејата е дел од амбициозниот план за...

Претседателот на Рома вети дека нема повторно да скокне во фонтана

Претседателот на Рома, Џејмс Палота, изјави дека нема повторно да скокне во фонтана, како што направи по триумфот над Барселона, доколку неговиот тим го совлада Ливерпул и се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Американскиот милијардер успехот кој го постигна Рома со победата над Барселона во Рим и пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите го прослави со скокање...

Мајами нова дестинација за Формула 1

Раководството на Формула 1 од следната година планира да одржува трки во Мајами, а набргу ќе биде познато дали тие планови ќе се реализираат. Локалните власти на Мајами идната седмица ќе гласаат за предлогот, а ако тој биде прифатен првата трка во овој град ќе се одржи во октомври 2019 година. Комерцијалниот директор на Формула 1, Шон Бречес, изјави дека од...

Пет жртви при пад на товарен авион на американската Национална гарда

Најмалку пет лица загинаа при уривање на товарен авион на американската Национална гарда во близина на аеродромот во Савана, во државата Џорџија, соопшти портпаролот на Националната гарда на Порторико Пол Дален. Тој додаде дека авионот летал кон Аризона. Авионот се урнал кај крстосница на два автопати, соопшти претходно локалната агенција за вонредни ситуации на областа Четем.