Маж хоспитализиран откако бил претепан од три лица

Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР. Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:20 часот е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) било донесено лицето Е.И.(27). Тој во селото бил физички нападнат од лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Лекар во клиниката констатирал тешки телесни повреди кај Е.И., кој бил...

Трпчески ја заокружи сезоната како резидентен артист во „Вигмор хол“

По низата незаборавни настапи во најпрестижната светска рецитална сала - лондонски „Вигмор хол“, македонскиот пијанист Симон Трпчески оваа сезона беше резидентен артист на една од најпосакуваните сцени. Кон крајот на минатата година одржа камерна вечер заедно со еден од водечките светски виолончелисти Даниел Милер-Шот, а во јануари годинава го донесе хит-проектот на Трпчески и пријателите, „Македонисимо“, инспириран од македонскиот...

Бесплатни курсеви за странски јазици за невработените во Кичево

Агенцијата за Вработување во Кичево и оваа година со средства од ЕУ организира бесплатни курсеви за невработените лица, кои се пријавуваат во Агенцијата како активни баратели на работа. Овие курсеви имаат цел за да им помогнаат на невработените лица за подобро да се снајдат на пазарот на трудот и полесно да дојдат до работно место. - Центар за странски јазици Биг...

Достоинствен исход?

Во последно време надлежните често ја употребуваат синтагмата за достоинствен исход, како поволно решение за наметнатиот и ирационален спор за името. Од другата страна ни збор за тоа. Ако достоинството е највисока цивилизациска придобивка, неговиот антипод - понижувањето, се наоѓа на најниското ниво на тоа скалило на цивилизацијата и историски е причина за многу зла нанесени во историјата на...

Хрватското новинарство е површно

Во медиумите во Хрватска често работат потплатени и заплашени новинари, кои не се одлучуваат да се занимаваат со најсериозните проблеми во домашното општество како што се корупција, непотизам, политичката трговија нефункционалноста на правосудниот систем и сл. Ова е наведено во соопштението на Синдикатот на новинарите во Хрватска издадено по повод трети мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, во...

Оспорено ангажирањето нови советници за „Агрокор“

Вонредниот повереник за „Агрокор“, Фабрис Перушко, не смее да ги ангажира новата група странски и домашни советници што би му се ставиле на услуга на советот на доверители на сметка на концернот, одлучи загрепскиот Трговски суд, со што ја укина одлуката на привремениот совет. Со оваа одлука повереникот се овластува со новоизбраните советници да ги договори финансиските и другите услови...

Милијардерот Бафет купи уште 75 милиони акции на Епл

Милијардерот Ворен Бафет, односно неговиот фонд Беркшир хатавеј, купи уште 75 милиони акции на Епл (Apple). Со тоа овој бизнисмен дополнително го зголеми својот удел во ИТ компанијата - сега има вкупно 240,3 милиони акции во вредност од 42,5 милијарди долари. - Тоа е неверојатна компанија. Мислам дека заработува двапати повеќе од другите најпрофитабилни компании во САД ", истакна Бафет.

Пред крајот на животот Тито сакал да слуша македонски песни

- Почина другарот Тито – беа зборовите кои со растреперен глас ги соопштија телевизиските спикери на сите поранешни југословенски телевизии, фудбалскиот натпревар Хајдук-Црвена ѕвезда беше прекинат, а светските медиуми ја пренесоа сликата со расплаканите фудбалери на теренот и публиката на трибините која во еден глас ја пееше „Другар Тито ние ти се колнеме“. Да, почина другарот Тито, но тогаш...

Старите и новите митови

Како Македонците останаа без национална стратегија во случај да биде загрозена државата, и во 21 век да бидат доведувани во прашање нивната национална самобитност, јазикот, писмото, историјата, културата, права и достигнувања што претходни генерации ги извојувале со тешка мака и не мал број жртви Четврти мај, денот на погибијата на Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев, е несомнено добар...

Најпрометната авиолинија во светот e Сингапур- Куала Лумпур

Авиолинијата помеѓу Сингапур и Куала Лумпур, е најпрометна меѓународна рута во светот, соопшти ОАГ Авиејшн. Авионите за една година до крајот на февруари 2018 година летале меѓу тие две десетинации 30.537 пати, јави Би-Би-Си. Таа авиолинија презеде примат од линијата Хонг Конг – Тајпеј. Летот помеѓу Сингапур и Куала Лумпур трае околу еден час. Во план е изградба на брза железница што...