Освојте 2.000 евра, менторска помош и патување во Грузија – пријавете се за Наградата за социјално претприемништво!
Сите млади што имаат идеја за социјален бизнис можат да ја аплицираат до 8 мај
2018 година, вторник (на полноќ) како дел од овогодишната Награда за социјално
претприемништво „Social Impact Award 2018“! Конкурсот е отворен онлајн на веб-
страницата „socialimpactaward.mk“. Можностите што ги нуди програмата се многубројни, од финансиски награди (три тима добиваат по 2.000 евра од Шпаркасе банка Македонија), менторска помош и...
Работничките права на жените во фокусот на „Прво па женско“
„Шест часа работа, 6 часа култура, 6 часа активизам, 6 часа одмор“ е застапувачкиот предзнак на шестото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, во организација на „Тиииит! Инк“. Фестивалот почна на платото на Младинскиот културен центар, со дискусија за женската солидарност и социјалното претприемаштво, работничките права на сексуалните работнички и работници и за предизвиците...
Кина негира дека користела ласер против американски воени пилоти
Кина денеска ги негираше тврдењата дека нејзините сили стационирани во африканската држава Џибути, користеле ласери против американски авиони, при што полесно биле повредени двајца пилоти.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуе Чунјинг соопшти дека Кина официјално ги информирала САД дека таквите тврдења се невистинити.
Употребата на ласери против американски летала ја негираше и кинеското Министерство за одбрана, кое посочи...
Самостојна изложба на Марија Светиева во Рим
По учеството на Фестивалот за акварел во Урбино, Италија, кој се одржа од 29 април до 2 мај, познатата македонска уметница Марија Светиева вчера ја отвори својата 46-та самостојна изложба во Рим.
Нејзините дела се поставени во просториите на Друштвото на интернационални графичари. Светиева се претставува во италијанската престолнина со графики од мал формат, изработени лани и годинава.
Досега Марија самостојно...
Недела на полски филмови
Во Кинотеката на Македонија денеска почнува Неделата на современ полски филм што ќе се одржува до 9 мај и ќе бидат прикажани шест полски филма, а во исто време ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови. Првиот филм што ќе биде прикажан е „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. На 5 мај следува филмот „Ракописот од...
Дванаесет претстави во трка за наградите на „Чернодрински“
Дванаесет претстави во официјална конкуренција ќе бидат изведени на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое ќе се одржи од 8 до 15 јуни во Прилеп. Селекцијата ја изврши уметничката директорка и селекторка на фестивалот Катерина Коцевска, која наедно истакна дека годинашни добитници на наградите за животно дело се актерот Петре Арсовски, кој на сцената на МНТ одиграл ликови...
Нов современ систем за наводнување за земјоделците од Ранковце
Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставници од Делегацијата на Европската унија денеска ја посети општина Ранковце, една од локациите за спроведување на проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“.
Во оваа општина, станува збор за системот за наводнување на Славишко поле, кој што е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини. Според првичните анализи,...
Гоце Делчев водел грижа и за бегалците од Македонија префрлени во Бугарија
По повод 50 годишнината од смртта на Гоце Делчев „Нова Македонија“ објави три дотогаш необјавени писма што македонскиот револуционер ги испратил во 1902 година до пограничниот началник на Организцијата во Л’џане, Иван Белешков кој се занимавал со набавување пушки, криење четници, префрлање по каналот за Пиринска и Егејска Македонија оружје, чети, литератури и други потреби. Најинтересно од нив е...
По подолга пауза, изведба на Реквиемот на Моцарт
По подолго време, Македонската филхармонија повторно ќе го изведе грандиозниот Реквием од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика. Вечерва, во 20 часот, под диригентство на миленикот на македонската музичка публика, маестро Емил Табаков од Бугарија, Моцартовото генијално дело ќе биде изведено на симфонискиот концерт насловен „Requiem Aeternam“, од оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот...
Потпишување книги на штандот на „Три“
Во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во тек е јубилејното 30-то издание на Саемот на книгата, една од најзначајните културни манифестации во државата.
- Следејќи го своето убедување дека понудената содржина е она што ги привлекува читателите и оваа година нудиме програма преполна со нови книги, промотивни настани, предавања, средби со автори и, секако, саемски попусти. Богатата понуда вклучува над 25 нови...








































