Загина 25-годишник на патот Скопје-Велес

Вчера околу 18,44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (21) од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот. Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје, соопштија од МВР. Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска...

Експлозија во центарот на Рим

Автобус експлодираше во центарот на италијанската престолнина Рим.  Автобусот експлодирал откако претходно бил зафатен од пожар и засега нема информации за последиците, со оглед на тоа дека експлозијата се случила во непосредна близина на станбена зграда. Патниците излегле од автобусот непосредно пред експлозијата. Во моментов три противпожарни тима се борат со пожарот, а полицијата побара од локалните жители да ги затворат прозорците...

Австралија инвестира милиони долари за спас на коалите

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс објави дека ќе инвестира 45 милиони австралиски долари, за да се зголеми популацијата на коали која во Австралија е во рапиден пад. Според проценката на австралиските власти, во дивина денеска живеат околу 43.000 коали, а пред доселувањето на Европејците на континентот биле 10 милиони. - Коалите се национално богатство – рече премиерката на Нов...

Манчевски: Советниците на премиерот ги бира самиот тој, нивниот број е значително помал од порано

Советниците на премиерот ги бира самиот тој. Нивниот број е значително намален за разлика од порано, а некои од нив се ангажирани без никаков финансиски надоместок, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Одговарајќи на новинарско прашање околу најновиот список за ангажирање на 56 советници во Владата, министерот Манчевски рече дека во овој случај воопшто не се...

Поплави 2016-2018 (не)научени лекции

Познавачите на состојбите и стручни луѓе тврдат дека вакви поројни дождови нема да ни предизвикуваат какви било опасности доколку сите канали се исчистени и доколку општините си ги следат и познаваат состојбите на теренот и во согласност со сето тоа преземаат конкретни чекори, поточно проекти Најавените обилни дождови во форма на невреме повторно им се закануваат на Скопје и на...

Младинките на Металург третпат првенки на Македонија

Младите ракометарки на Металург ја одбранија шампионската титула и трета година во низа се младински најдобри во Македонија. Девојките од „Автокоманда“ во финалето на завршниот турнир во младинска конкуренција, убедливо со 37-22 славеа над Вардар јуниор, меч во кој влегоа како фаворитки, а излегоа како шампионки. Избраничките на Јулијана Црвенковска својот квалитет и доминација ги демонстрираа во текот на целата...

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Алекс Фергусон се разбуди од кома и покажува знаци на опоравување по итната хируршка интервенција на мозокот. Најуспешниот менаџер во британскиот фудбал останува на интензивна нега, но вчера се разбудил и веќе разговарал со семејството и пријателите во Кралската болница во Салфорд, кадебеше примен во саботата, пишува „Дејли Мејл“. Хируршката интервенција поминала многу добро, а реакцијата на 76-годишниот поранешен менаџер на...

Куп-титули за Талески и за Ристовски

Македонските ракометни репрезентативци Филип Талески и Борко Ристовски викендов ги освоија куп-трофеите во германското и во шпанското првенство. За Талески и бундеслигашот Левен ова е прва ваква титула во историјата на овој клуб, додека, пак, за Ристовски ова е втор ваков трофеј со Барселона, односно 22-от за шпанскиот гигант. „Лавовите“ од Манхајм до пехарот стигнаа по победата над Хановер со 30-26,...