Вчера околу 18,44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (21) од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот. Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје, соопштија од МВР.

Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата им подлегнал на повредите. Од страна на дежурен лекар во 19.30 часот е констатирана смрт. Со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди – Ф.Ј. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.