Пав­лов ќе се бо­ри за зла­то, а Мој­сов­ска за брон­за на ЕП во ка­ра­те

Ма­ке­дон­ски­от ка­ра­те-ре­пре­зен­та­ти­вец во бор­би, Емил Пав­лов (до 60 кг), утре ќе се бо­ри за злат­ни­от, до­де­ка Ан­ге­ла Мој­сов­ска (до 68 кг) за брон­зе­ни­от ме­дал на 53-то Европ­ско пр­венс­тво (ЕП), кое се одр­жу­ва во Но­ви Сад, Ср­би­ја. За Пав­лов ова е трет осво­ен ме­дал на ЕП, по зла­то­то во Тем­пе­ре 2014 го­ди­на и брон­за­та на ЕП во Мон­пел­је 2016, до­де­ка Мој­сов­ска...

„Одмаздници“ соборува рекорди

Последниот филм на „Марвел“ заработи повеќе од милијарда долари Филмот „Одмаздници: војна на бесконечноста“, на режисерот Ентони и Џо Русо, минатиот викенд постави уште еден рекорд, стигнувајќи до милијарда долари, најбрзо од кој било филм во историјата. Компанијата „Волт Дизни“ процени дека филмот стигнал до 1,16 милијарда долари без оглед на тоа што сѐ уште немал премиера на моќното кинеско...

По „оскарот“, Коби Брајант ја доби и наградата „еми“

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, освои уште една награда за анимацијата „Диар баскетбол“. Краткиот филм беше награден со „еми“, која се смета за најпрестижна американска телевизиска награда, во категоријата за графички дизајн. Пред два месеца, 39-годишниот поранешен бек на „езерџиите“ освои „оскар“ за најдобра кратка анимација. Како што е познато, Коби Брајант го напиша сценариото за „Диар баскетбол“, а...

Вооружен разбојник ограбил аптека во Чаир

Непознато лице синоќа украло околу 4.000 денари од аптека на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Скопје. Според полицијата, грабежот се случил околу 20 часот откако разбојникот вооружен со пиштол и се заканил на вработената и од касата ги одзел парите. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот. 

Скорсезе и Бланшет го прогласија 71-от Филмски фестивал во Кан за отворен

Американскиот режисер Мартин Скорсезе и австралиската глумица Кејт Бланшет, го прогласија за отворен 71-от Филмски фестивал во Кан, прв по избивањето на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин. - Ние ја споделуваме страста кон кинематографијата, сите сме овде, за да ја славиме седмата уметност - истакна режисерот на „Таксист“ и „Починатите“, кој заедно со Бланшет официјално го отворија фестивалот, кој...

Тевдовски: Одлична наплатата на приходите и ликвидноста во Буџетот

Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а настојувањето на Владата е реализација на капиталните расходи. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарско прашање дали се подготвува ребаланс на буџетот. - Секоја година претходно се првеше ребаланс на Буџетот. Нема година кога Македонија не направила ребаланс и во најголем дел се...

Ново продолжение на „Рамбо“

Никогаш не е доста во животот од акциите на Рамбо или Силвестер Сталоне. Сталоне деновиве ги израдува своите обожаватели со тоа што на својот инстаграм-профил го објави официјалниот постер на петтиот дел на филмот „Рамбо“. Најновото продолжение, или „Рамбо 5“, треба да се појави во кината во 2019 година, но не се знае кога поточно. На постерот е илустрирана силуета од...

Заев очекува поддршка од опозицијата за евентуалното решение за името

Добро е што направивме исчекори, тие се огромни. Се надевам дека и за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓантие, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев во пресрет на утрешната нова рунда разговори за прашањето за името...

Пронајдени пакистански мигранти на „Богородица“

Десет мигранти, девет од Пакистан и еден од Непал, се пронајдени во возило „Опел Омега” кое завчера попладнето се движело кон граничниот премин „Богородица“. Како што соопшти МВР, откако го забележале возилото на регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија - Смоквица, полициски службеници му дале знак за запирање, но возачот продолжил да се движи кон „Богородица“. Дури потоа сопрел, излегол...

Македонија копродуцент на филм во трка за канската „палма“

Со еден филм во официјалната натпреварувачка програма, со четири најнови остварувања што ќе бидат прикажани на филмскиот маркет, како и со неколку значајни промотивни активности, македонската кинематографија ќе биде дел од случувањата на 71-то издание на престижниот Кански филмски фестивал. Деветти пат Македонија ќе учествува на филмскиот маркет во Кан со свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на...