Јилдирим: Ако Ерменија сака „нова страница“ во односите, Турција е подготвена
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека Турција е подготвена да го преиспита барањето за отворање „нова страница“ во односите со Ерменија.
- Ако Ерменија го напушти својот непријателски став... ако сака да отвори нова страница, ќе ги разгледаме деталите и согласно на тоа ќе одговориме - рече Јилдирим.
Изјавата на Јилдирим претставува одговор на повикот на новиот ерменски премиер...
Формат В4+Б4: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи
Поддршка на проширувањето на Европската унија(ЕУ), најавија денеска министрите за надворешни работи на земјите од форматот В4+Б4 - Вишеградската четворка и четирите балкански држави членки на ЕУ, на состанокот во местото Сунион, бо близина на Атина.
Денешната средба на министрите од Вишеградската четворка (Унгарија, Полска, Чешка, Словачка) и групата Б4 (Грција, Бугарија, Романија и Хрватска), се одржа шест...
Удвоена продажбата на електрични возила во Кина
Месечната продажба на „возила на новата енергија“, како што во Кина се нарекуваат електричните возила и хибридите, се удвои во април на 82.000, соопшти денеска Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Месечните податоци на оваа асоцијација покажуваат дека продажбата на патнички автомобили во април пораснала за 11 отсто, на 1,9 милиони, додека растот во март бил 3,5 отсто.
Вкупната продажба на...
Вучиќ: Српските граѓани ќе се изјаснат за решението за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека граѓаните на Србија ќе имаат можност да се изјаснат за решението за Косово.
Вучиќ, на прес конференција со претседателот на Одборот на Бундестагот за односи со ЕУ, рече дека Србија е подготвена за разговори и компромис, но не и за уцени и закани.
- Граѓаните на Србија ќе имаат можност да се изјаснат за...
Заев: Очекувам добри вести од Атина
Очекувам добри вести од Атина, изјави денеска премиерот Зоран Заев, за време на посетата на Битола, осврнувајќи се на престојот на министерот за надворешни работи Никола Димитров на меѓународна конференција што е во тек во близина на главниот грчки град.
Тој додаде дека е оптимист заради она што досега е направено во процесот на преговарање со Грција.
- Среќен сум што...
Со финансиска писменост на населението нема да има случаи како ТАТ
Граѓаните кои ги знаат основите на финансиите и ризиците во финансиите полесно ќе се справат со предизвиците кои ги носи оваа сфера. Само едуцирани и информирани потрошувачи може да донесат правилна одлука и да изберат вистински производ.
Ова беше пораката на денешното отворање на Деновите за финансиска писменост што го организираат Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Агенцијата...
Тачи: Приштина сака да го затвори поглавјето на конфликти со Белград
Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
- Во тој контекст за Косово и за Србија и натаму е важно да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите и за помирување. Го уверив мојот драг...
За неколку дена ограбени три цркви во Тетово
Непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитрија“.
лоцирана на православните гробишта во Тетово. Од МВР информираат дека втора ноќ по ред се случува кражба во црква во Тетовско.
Откако насилно ја отвориле влезната врата, од иконите и делот за свеќи одзеле околу 2000 денари во разни апоени, по што незабележани ја напуштиле црквата.
Неделава ова е трета кражба на верски...
Скопјанка во два наврати измамена од исто лице
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување случај на измама во кој Скопјанка е оштетна за 86.000 денари.
Случајот е пријавен вчера во 09:45 часот во Полициската станица Карпош од страна на оштетената В.Г.(58). Таа пријавила дека во мај 2017 година во два наврата била измамена од К.Ј. од Скопје.
Првата измама К.Ј. ја сторил со наводна набавка на лек за...
Новиот филм „Врба“ на Милчо Манчевски најавен во Кан
Еден од најпознатите британски продуценти Ник Пауел се наоѓа на Канскиот филмски фестивал на кој ќе се претстави со два нови проекта. Едниот е новиот филм на Милчо Манчевски „Врба“, а другиот е филмот на Џулиус Амедуме „Ѕвечарка“, кој се наоѓа во постпродукција.
Пауел, кој минатото лето се повлече од функцијата директор на Националната филмска и телевизиска школа во Велика...








































