„Граѓаните“ и „светците“ најбројни во мундијалскиот состав на Бразил

Селекторот на бразилската репрезентација, Аденор Леонардо Бачи познат во фудбалската јавност како Тите, го објави списокот од 23 фудбалери за настап на Светското првенство во Русија. Список: Голмани - Алисон, Едерсон и Касио; Одбрана: Миранда, Маркињос, Тијаго Силва, Марсело, Филипе Луис, Фагнер, Педро Жеромел и Данило; Среден ред - Касемиро, Фернандињо, Паулињо, Ренато Аугусто, Филипе Кутињо, Вилијан и Фред; Напад...

Кувајт побара одржување на седница на СБ поради насилството во Појасот Газа

Кувајт денеска побара одржување на седница на Советот на безбедност на Обединети нации поради насилството на границата на Појасот Газа со Израел. Палестинското Министерство за здравство претходно соопшти дека 52 Палестинци загинаа, а над 2.400 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест...

МВР: Новите полицајци од ќе бидат ангажирани од 1 јуни

Кандидатите за полицајци од генерацијата 2017/18 година од 1 јуни 2018 година ќе бидат професионално ангажирани во Министерството за внатрешни работи како приправници. Како што информира МВР, за таа цел веќе се обезбедени новите полициски униформи. - Почитувани кандидати за полицајци од генерацијата 2017/18 година, Ве известуваме дека од 1 јуни 2018 година ќе започне вашиот професионален ангажман во Министерството за...

Принцот Хари и Меган Маркл во различни хотели ноќта пред свадбата

Принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл ќе бидат сместени во различни хотели ноќта пред нивната свадба, соопшти прес-службата на кралското семејство. На принцот Хари, во хотелот друштво ќе му прави неговиот постар брат, принцот Вилијам, кој воедно му е кум на венчавката. Додека Меган Маркл, во друг хотел, ќе биде сместена заедно со нејзината мајка Дорија Регланд. Свадбената церемонија е закажана...

Државна руска банка им помага на компаниите погодени од американските санкции

Руската групација Ренова на милијардерот Виктор Векселберг добила кредит од банката „Промсвјазбанк“ за да може полесно да се справи со санкциите кои САД ги воведоа против низа руски компании за наводно мешање во американските избори во 2016 година. Американските власти замрзнаа средства на Ренова вредни меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Руското Министерство за финансии денеска најави дека вакви кредити...

Јилдирим: САД и Израел се соучесници во злосторство против човештвото

Турција го осуди убиството на над 50 Палестинци, кои протестираа денеска на границата со Појасот Газа против отворањето на американската амбасада во Ерусалим. - За жал, САД арогантно застануваат на страната на израелската администрација, која убива цивили, и се соучесници во ова злосторство против човештвото, посочи турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој оцени дека оваа, како што ја нарече, провокација, само ќе...

БПЦ ја одби поканата за заедничко одбележување на илјадагодишнината од Охридската архиепископија

Претставници од Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид. Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот...

Нетанјаху му се заблагодари на „храбриот“ Трамп за преместувањето на амбасадата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешното отворање на американската амбасада во Ерусалим во Израел ќе се помни со генерации и воедно му се заблагодари на „храбриот“ американски претседател Доналд Трамп. - Ова е голем ден. Голем ден за Ерусалим. Голем ден за државата Израел. Ден, кој ќе биде врежан во нашето национално помнење со генерации, порача Нетанјаху на церемонијата...

Укината забраната за спортско обложување во САД, со одлука вредна милијарди долари

Врховниот суд на САД денеска донесе историска одлука, која би можела да доведе до легализација на спортското обложување во повеќе тамошни сојузни држави. Судот одлучи дека федералниот закон стар 25 години, со кој се забранува спортското обложување надвор од сојузната држава Невада е неуставен, со седум гласа за, наспроти два против.  Федералниот закон од 1992 година кој го забрани обложувањето,...

Заштитата на шумите и пошумувањето приоритет на соработаката на Кина со земјите од ЦИЕ

Шефовите на делегациите од Кина и 16-те земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) денеска во Белград го одржаа вториот состанок на високо ниво на Координативниот механизам за соработка во областа на шумарството меѓу Кина и земји од ЦИЕ, на кој главна тема беше „Климатските промени и шумарството во 21-от век“. Македонија, на средбата во Белград учествуваше со делегација, претставена...