Променливо облачно со повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. Утринската темепратура ќе се...

Венгер: Останувам во фудбалот, зависник сум од играта

Лондон, 14 мај 2018 (МИА) – Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер на натпреварот против Хадерсфилд за последен пат седеше на клупата на Арсенал, но изјави дека со сигурност останува во фудбалот. Венгер 22 години беше тренер на Арсенал, а поради тоа во 22-та минута од натпреварот против Хадерсфилд беше поздравен со овации. - Дефинитивно останувам во фудбалот. Без разлика дали ќе бидам...

Поранешниот американски генерал Весли Кларк во посета на Косово

Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, генерал Весли Карк, денеска ќе го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Кларк, кој во 1999 година ги предводеше силите на Алијансата во 78-дневната воздушна кампања против режимот на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, односно против српските воени сили, ќе биде гостин на гала вечерата за собирање фондови насловена „Поддржи ја наредната...

БиХ усвојува нови мерки под се поголем притисок на мигрантите

Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ најави дека властите ќе преземат се што можат за да ја контролираат мигрантската криза и предупреди дека приливот на мигранти во БиХ од почетокот на годината е драстично зголемен. - Бројот на мигранти кои дневно пристигнуваат во БиХ веќе е поголем од сто, изјави Звиздиќ по состанокот на координациското...

Браќата Винклевос добија дозвола за тргување со криптовалути во Њујорк

Близнаците финансиери Камерон и Тајлер Винклевос добија дозвола од државата Њујорк да тргуваат со Биткоин, како и со нивната криптовалута Зикеш. Браќата Винклевос, најдобро познати по неуспешната тужба против Мајк Закерберг кого го обвинија дека ја украл идејата за Фејсбук од нив, се обидуваа да ја промовираат новата криптовалута Зикеш во повеќе делови на САД. Државата Њујорк е првата која што...

Тухел е новиот тренер на ПСЖ

Германскиот фудбалски стручњак, Томас Тухел, е новиот тренер на Пари Сен Жермен, соопштија од францускиот клуб. Тој денеска во Париз потпиша двегодишен договор и на клупата на ПСЖ ќе го замени Унаи Емери. Тухел последните две сезони беше тренер на Борусија Дортмунд, но поради несогласувања со раководството на клубот си поднесе оставка само три дена по освојувањето на Купот на Германија. Негова...

Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико

Компјутерски хакери украле милиони долари од повеќе мексикански банки, меѓу кои и втората најголема банка во земјата Банорте, користејќи фиктивни трансакции. Се проценува дека вкупниот износ на грабежот изнесува околу 15,4 милиони долари, односно 300 милиони мексикански пезоси. Хакерите веројатно имаше помошници меѓу вработените во банките. кои ги нападнале. Тие испраќале фиктивни налози за трансфер на пари, по што нивни...

Повеќе делови на Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 8.30 до 14.30 часот ќе бидат корисниците од дел од булевар „Србија“ и дел од улица „Мите Богоевски“, во општина Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа. Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица...

Работнички е прв финалист во кошаркарскиот плејоф

Работнички со максимални 3-0 во полуфиналната серија против Куманово, обезбеди пласман во финалето од плејофот. Екипата од „Градски парк“ на домашен терен славеше со 81-65 во третиот меѓусебен дуел. Работнички не дозволи изненадување и уште во почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот. Тоа се одрази резултатски и избраниците на Марин Докузовски на крајот од првата четвртина имаа предност од 15...

Дел од општина Центар утре без вода

Без вода утре од 10 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Никола Тримпаре“ и објектите на потегот помеѓу улиците „Аминта Трети“ и „Рајко Жинзифов“, во општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување приклучок на водоводна мрежа на улица „Никола Тримпаре“ број 10 б, во...