Не се очекуваат излевања на реките од интензивниот локален дожд
Во текот на попладневните и вечерните часови како резултат на циклонска активност на територијата на Македонија се најавуваат локални врнежи дожд кои на места ќе бидат со умерен до засилен интензитет и ќе бидат позастапени во западните и северните делови од земјата.
Според УХМР, овие врнежи поради нивниот локален и краткотраен карактер, не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите...
Почнува исплатата на субвенциите за тутунот
Во четврток ќе почне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Платежната агенција во моментов ги подготвува решенијата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.
МЗШВ наведува дека годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за...
В понеделник пресуда за „Поткуп“
Пресудата за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев ќе биде објавена в понеделник во 12 часот, најави на крајот на денешното рочиште судијата Дарко Тодоровски.
Во Кривичниот суд денеска беа изнесени завршните зборови на обвинителството и на одбраната.
Обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде...
Два случаи на „коксаки“ вирус во градинката „Пролет“ во Козле
Од Општина Карпош денеска соопштија дека две деца кои престојуваат во градинката „Пролет“ во населба Козле, се заболени со вирусот „коксаки“.
Откако матичните лекари го дијагностицирале вирусот, родителите на децата ја известиле управата на градинката „Пролет“, која веднаш за случаите го информирала Центарот за јавно здравје - Одделението за епидемиологија.
Од Општина Карпош наведоа дека е извршена дополнителна дезинфекција во групите каде што...
Театарски Оскар за „Ромео и Јулија“ во Турција
Театарската претстава „Ромео и Јулија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски ја доби највисоката театарска награда во Турција.
Театарскиот „Оскар“ на ансамблот му беше доделен на гала свеченоста на Турската академија „АФИФЕ ЗАЛЕ“, одржана вчера во Истанбул. Театарските „Оскари“ се најпрестижната театарска манифестација во Турција.
Претставата „Ромео и Јулија“ е во продукција на Националниот театар од Турција, а во...
Велешкиот театар со „Волшебникот од Оз“ на фестивал во Бугарија
В четврток, театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија со претставата за деца „Волшебникот од Оз“ од Л.Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Александар Ивановски.
„Волшебникот од Оз“ е претстава за деца базирана врз ликовите од детската книга на Л. Френк Баум,...
Привремен состав на ДИК до средината на јуни
До средината на јуни може да се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да добие привремен состав со мандат од шест месеци, додека до крајот на есента се очекуваат нови измени во Изборниот законик со што би можело да биде опфатен и изборниот модел.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека работните групи го договориле ова преодно решение...
Нова поетска книга на Филип Клетников
Деновиве од печат излезе најновата поетска книга на Филип Клетников, „Стојач на работ“, во издание на „Авант прес“. Книгата опфаќа триесетина песни во пет циклуси. Во својата рецензија за најновото поетско дело на Филип Клетников, истакнатиот критичар и филозоф Ферид Мухиќ подвлече дека станува збор за антологиска поетска книга испеана од максимална височина во која со бравурозен поетски израз...
Уметничка галерија ќе никне во ГТЦ
Младинскиот културен центар распишува повик за избор на 20 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамките на проектот „Градот убав“. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити-уметност. Повикот како и апликацијата за учество може да се најдат на веб-страницатаwww.mkc.mk.
Идејата е во рамките на еден од најзначајните објекти од современо Скопје...
Промоција на книга раскази од Томислав Османли
Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли, издание на „Магор“, ќе се одржи утре во „Салон 19:19“ со почеток во 19.19 часот. Во најновата збирка Османли создал серија сугестивни мешани дискурси во рамките на кратката проза, постапка што во неговиот прозен опус е најавена уште во неговата извонредна книга раскази „Каприча“. Уште во првиот расказ „Малиот...







































