Кралската венчавка „продава“ смешни, чудни и непотребни производи
Боенки со ликовите на принцот Хари и на Меган Маркл, хартиени исечоци, маски и кукли што го претставуваат среќниот пар, обетки, храна, како и облека за домашни миленици, се меѓу производите инспирирани од кралската венчавка што ќе се одржи в сабота, а кои се продаваат во Велика Британија.
Универзална сала ќе се гради догодина
Градоначалникот Петре Шилегов и министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска потпишаа Писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.
- Универзалната сала се враќа на градот. За таа цел потпишавме Писмо за намери со Министерството за култура преку кое се дефинираат активностите за...
Двојно ќе се намали чекањето за приоритетната стока за извоз
На граничните премини Табановце и Богородица стапи во сила нов протокол со кој се воведува 24-часовен слободен коридор за приоритетната стока што се извезува од Македонија, со дополнителна лента за движење. Така, за поминување ќе се чека само час и половина наместо досегашните четири часа.
Со новиот протокол за побрз проток на стоки, што го потпишаа директорите на Царинската управа,...
Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор
Централното собрание на ДПА денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово одржува состанок околу понудата од премиерот Заев за влез во Владата.
Пред почетокот на состанокот, претседтелот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот, ДПА политички и кадровски да стане дел од Владата.
- Мислам дека нема да му биде тешко на Централното собрание...
Драстично намалено производството во металургијата
Основната причина за намалување на производството во металургијата е нефункционирањето на двата најголеми металуршки капацитети, „Фени“ и „Југохром“
Се намалува производството во металургијата во Македонија, иако има позитивни тенденции во светот, посочуваат претставниците на Стопанската комора на Македонија. Од Комората објаснуваат дека и покрај позитивниот глобален тренд во металургијата, особено од почетокот на 2017 година, кај нас состојбите во физичкиот...
УХМР: Вечер невреме со пороен дожд и грмежи
Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.
Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен...
Германскиот сектор за рециклирање гледа шанса по забраната за увоз на пластика во Кина
Германскиот сектор за рециклирање очекува нови деловни можности по одлуката на кинеските власти за забрана на увоз на пластичен отпад бидејќи суровините добиени со рециклажа и наменети за индустријата за преработка на пластика и натаму се многу барани.
Од 1 јануари во Кина стапи на сила забраната за увоз на пластика и друг отпад за потребите за рециклирање.
- Кина ја...
Само мал дел од наследниот имот во полошко им припаѓа на жените
Според истражувањето на тетовска невладина организација само 13 отсто од испитаните триста жени во полошкиот регион имаат наследено имот, додека останатите се откажале поради традицијата. Истражувањето го спроведе Здружението Женски форум во рамки на проектот „Економско зајакнување на жените во полошкиот регион преку застапување и промовирање на имотните права".
-Жените самоволно се откажуваат да бидат во редот на наследници. Причините...
На САД им се смачи од пријавувањето на Афроамериканците во полиција без причина
Практиката на брзоплети повици до полицијата, во врска со безопасните, секојдневни активности на Афроамериканците во САД, поприма загрижувачки размери, со што го привлече вниманието на тамошната јавност.
Белците во САД порано повикуваа полиција кога ќе забележеа Афроамериканци во блузони, чии лица се покриени со качулки, како шетаат навечер, што не е криминална активност, пишува „Лос Анџелес тајмс“. Сега има голем...
Нова кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба” Битола
СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против лицата К.К.(55), М.М.(59), В.П.(58) и С.Х. (55) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 ст.3 и 5 и „Несовесно работење во службата” по чл.353 в од КЗ на Република Македонија.
Ова е нова кривична...








































