Србија не е пречка за европската интеграција на Косово
Два дена пред одржувањето на Самитот на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Софија, денеска во косовското Собрание се одржа трибина на тема „Албанците и европските интеграции“, во организација на Движењето Самоопределување.
Лидерот на оваа опозициска партија, Албин Курти, отворајќи ја трибината, рече дека Србија не е таа која ја попречува интеграцијата на Косово во Европската унија, туку...
Ѓорчев пред судот: Со пенкало ја напишав крвната група на дуксерот на Села
Во Кривичниот суд денеска на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година сведок по предлог на одбраната беше пратеникот Влатко Ѓорчев.
Пред судот Ѓорчев зборуваше за случувањата од 27 април, како влегол во прес-салата и кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги брани, но оти не видел...
Косовските семејства се финансираат најмногу од дијаспората
Средствата што во Косово ги праќа дијаспората и натаму претставуваат еден од главните извори за финансирање на косовските семејства, на кои им обезбедуваат стабилна социјална положба.
Според Централната банка на Косово, овие средства главно одат за финансирање на потрошувачката на семејствата, а многу малку се вложуваат во бизнис.
- Пратките пристигнати во Косово во текот на 2017 година забележаа вредност од...
Односите меѓу ЕУ и САД загрозени поради иранскиот нуклеарен договор
Односите меѓу Европската унија и САД се загрозени поради одлуката на Вашингтон за повлекување од иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
- Европа не беше слепа за активностите на Иран, но веруваше дека почитувањето на нуклеарниот договор е најдобар начин за напредување - изјави Меркел во обраќање на Конгресот на Конфедерацијата на германските синдикати.
Американскиот претседател Доналд Трамп...
Повреден 63-годишен мотоциклист во Велес
Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот. Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул. „Коце Димов - Витамин“ во Велес.
Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен до ЈЗУ Општа болница...
Децата од социјални семејства нема да плаќаат за болничко лекување
Владата на денешната седница ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година.
Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека министрите ги усвоиле конечните извештаи...
Заев : Ќе ја почитувам секоја судска одлука за „Поткуп“
Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе ја почитува секоја одлука што ќе ја донесе судот за случајот „Поткуп“ во кој тој е обвинет.
- Среќен сум што преку транспарентноста на овој процес јавноста конечно ја дозна вистината. Задоволен сум што заедно со моите адвокати добив фер и законско право да ја изложам одбраната и да ја докажам мојата невиност. Согласно...
Ѕанакопулос: Има напредок, но не сме блиску до договор
Во тековните разговори со нашите соседи имаме направено значителен напредок, но сѐ уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор, рече Димитрис Ѕанакопулос, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека токму затоа средбата на двајцата премиери “ќе биде исклучително корисна и важна”.
- Но, во никој случај...
Во поплави во Авганистан загинаа 34 лица
Најмалку 34 лица загинаа, а четворица се повредени во поплавите кои го погодија Авганистан по минатонеделните обили врнежи.
Министерството за вонредни состојби и хуманитарни прашања соопшти дека од поплавите се погодени 11 авганистански провинции.
Невремето и поплавите предизвикаа значителна мнатеријална штета, при што околу 600 животни угинаа, уништени се 240 куќи и 40 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се 620 домови.
Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени
Започна вториот циклус бесплатни обуки за Java програмери и софтвер тестери, едни од најбараните профили на пазарот на трудот во ИТ индустријата. На проектот организиран од Агенција за вработување на Република Македонија ќе можат да се пријавуваат невработени лица заинтересирани за ORACLE - официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB - официјална обука за тестери за квалитет на...








































