Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Палестинците го отповикаа својот претставник во Вашингтон

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вечерва го отповика палестинскиот претставник во Вашингтон, како реакција на преместувањето на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Како што соопшти главниот палестински преговарач Саеб Ерекат, претсавникот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон, Хусам Зомлот веќе ги напуштил САД. Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Палестинската автономна управа, кое нагласи...

Емери: Нејмар е уморен од лагите

Шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери, кој изминативе две сезони беше тренер на Пари Сен Жермен, истакна дека Нејмар е врвен играч, но дека нештата поврзани со него најчесто се предимензионирани. Во изминатиот период се појавија гласини дека бразилскиот фудбалер е незадоволен во парискиот клуб и дека планира да се врати во Шпанија, но не во Барселона, туку во Реал Мадрид. -...

Концерт на „Танец“ во Кичево

Ансамблот за песни и игри „Танец“ од Скопје синоќа одржа концерт во Кичево. Големата сала од Центарот за култура беше преполна со љубители на македонски песни и ора. Концертот беше преполн со динамика и разновидност. Многубројните присутни можеа да ги проследат ората Раштак, Осоговка, Копачка, Тресеница, додека вокалистите на „Танец“ испонија повеќе песни, а не изостанаа ни инструментални изведби на...

Серена Вилијамс се враќа на Ролан Гарос

Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе биде подготвена за Ролан Гарос, иако речиси две години се нема натпреварувано на терен со земјена подлога. Вилијамс по породилното отсуство се врати со настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами, но потоа се повлече од мастерсите во Мадрид и Рим. Нејзиниот тренер Патрик Муратоглу откри дека таа од април постојано тренира во неговата академија. -...

Пјонгјанг се заканува со откажување на средбата Трамп-Ким

Северна Кореја денеска се закани со откажување на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун превидена за 12 јуни во Сингапур, поради најавените јужнекоројско-американски воени вежби, јави ДПА. Од истите причини, властите во Пјонгјанг ги откажаа и за утре предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја.

БЕСА на Гаши ќе раководи со Министерството за култура

Движењето БЕСА ќе биде дел од парламентарното мнозинство и извршната власт, одлучи вечерва Централното собрание и Централното претседателство на партијата, која во Владата ќе раководи со Министерството за култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително.   - Иако пратениците на движењето БЕСА и досега го помагаа мнозинството и Владата во реформската агенда, одговоривме на барањето на премиерот...

Израел го протера турскиот конзул во Ерусалим

Израел го протера турскиот генерален конзул во Ерусалим, соопшти денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон. Тој инфромира дека турскиот конзул бил повикан во Министерството и било побарано од него „да се врати во Турција на одреден период заради консултации“. Одлуката на Израел уследи откако претходно денеска Турција соопшти дека побарала од израелскиот амбасадор во Анкара, Ејтан Наех да „се...

Отворена Лабораторија за урбано живеење во Скопје

Во Старата скопска чаршија вечерва беше отворена „Лабораторија за урбано живеење“ во Скопје (Urban living lab). Станува збор за нова просторија која се отвора во рамките на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK). Лабораторијата ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој рече дека враќањето на животот во стариот дел на...

Царовска: 700 лица вклучени во програмата „Гаранција за млади“

За  два месеца во Програмата „Гаранција за млади“ се вклучени 700 лица во општините Струмица, Скопје и Гостивар, каде се реализира оваа програма како пилот проект, информираше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешниот отворен ден со млади невработени лица, што се одржа во Струмица. Таа истакна дека  програмата ги надминала очекувањата и младите искажуваат голем интерес...