Ким се уплашил дека ќе ја доживее судбината на Гадафи?
Северна Кореја објави дека би можела да се откаже од самитот на нејзиниот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп, а Би-Би-Си наведува дека Пјонгјанг го алармирале тврдењата на советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, изнесени во интервју за време на викендот, дека Северна Кореја би можела да го следи либискиот модел за нуклеарно разоружување.
Аналитичарите сметаат...
Харадинај: Косово нема што да им даде повеќе на Србите
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека Косово му дало на српското малцинство доволно уставни права и нема што да им даде повеќе, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај ја даде изјавата за телевизијата Т7, запрашан да го коментира барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за отстапки од страна на Косово, со цел да се дојде до „решение за нејзиниот...
Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли
Книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар-Скопје. Делото го издаде издавачката куќа „Магор“ од Скопје.
Книгата ќе ја промовираат професорите Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски, а извадоци ќе чита актерката Ане Блажовски.
Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика. Неговите книжевни...
Коловозите влажни, зголемена опасност од одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради обилни врнежи од дожд зголемена е можноста за одрони.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена...
Приведени пет лица кои транспортирале кокаин и марихуана
Македонската полиција во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и српската полиција реализираше случај во кој е идентификувана и сузбиена организирана криминална група составена од шест лица кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици, кокаин и марихуана, при што уапсени се пет лица, а едно лице од групата е во притвор во Србија.
Портпаролот на МВР, Тони...
Опозицијата најави голем протест на 2 јуни
ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата на Република Македонија ќе организира народен протест, синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата најави претседателот Христијан Мицкоски.
- На седницата на Извршниот Комитет и на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република...
Концерт на пијанистката Дуња Иванова
Пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од современи композитори, а како гостинка ќе настапи македонската композиторка Ана Пандевска.
На концертот ќе бидат изведени неколку композиции од филмот „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите...
„Копче“, нова продавница за стара облека
Нова продавница за стара облека „Копче“, каде што граѓаните ќе можат за многу ниски цени да си купат парчиња облека или обувки ќе почне да работи во Скопје. Продавницата е лоцирана во зградата на Црвен крст на Република Македонија, на булеварот „Кочо Рацин“.
„Копче“, ќе овозможува поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека...
Рочишта за „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“
Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“ денеска се закажани во Кривичниот суд.
На обвинителна клупа ќе седнат обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година, откако предметот го презеде СЈО.
Претходното рочиштето за овој случај не се одржа поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој бил хоспитализиран на...
Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни, ниту Србите ниту Албанците
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение.
– Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем број кои засекогаш си заминаа...







































