Реконструкција за ефикасност наместо за партиски математики
Логичното прашање што се поставува при секоја реконструкција на влада е која е целта на таквиот чекор. Во конкретниот случај, прашањето е дали реконструкцијата се прави за да се истуркаат реформите, да се зголеми ефикасноста во работењето на Владата или да се „закрпи“ тенкото парламентарно мнозинство
Иако за реконструкција на Владата се зборува уште од локалните избори минатата година, кога...
Нашиот џокер е меѓународното право
Целокупната домашна стручна, научна, правна и академска јавност во изминатиот период безброј пати укажуваше дека најсилното оружје до кое треба да се држи Македонија во разговорите со Грција е примена и почитување на меѓународното право и, се разбира, отфрлање со индигнација на грчките уцени и апсурдни барања
Во пресрет на утрешната нова средба помеѓу премиерот на Македонија Зоран Заев и...
Tранскриптите од „бомбите“ за „Тревник“ во рацете на Латас
Главната расправа за предметот „Тревник“ на СЈО во кој се обвинети Драган Павловиќ - Латас, Срган Павловиќ и Звездан Павловиќ ќе се одржи на 27 јуни откако на денешното рочиште на обвинетите на нивно барање им беа доставени транскриптите од аудио разговорите по кои се води обвинението.
Судијата Марија Клетничка рече дека бранителите на обвинетите на 7 мај доставиле барање...
Гнездо на штркови со пет мали штркчиња изгоре во пожар
Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски рече дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот.
Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да...
Пилоти ја загубиле лиценцата оти слетале на погрешна писта
Виетнамска воздухопловна компанија привремено им ги одзема лиценците на двајца пилоти бидејќи минатиот месец слетале на недовршена писта на северот на Виетнам, објавија денеска медиумите.
„Виетнам ерлајнс“ им ја одзеде лиценцата на пилотите на два месеца откако нивниот авион претрпе помала штета при слетувањето на погрешната писта на 29 април.
Во авионот Ербас А321 на летот од главниот град Хо Ши...
Садр и шиитските коалиции убедливи на изборите во Ирак
Големото разочарување од актуелната политичка елита во Ирак по сѐ изгледа ѝ помогна на коалицијата на влијателниот шиитски свештеник Моктада ал Садр да обезбеди убедливо водство на парламентарните избори, кои беа обележани со рекордно ниска излезеност. Првичните резултати од изборите во неделата, први откако Ирак прогласи победа над Исламската држава (ИД), покажуваат дека политичкиот сојуз на Ал Садр има...
Почна судењето за „Монструм“, СЈО го презеде случајот
Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“ односно петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.
Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и...
Палестинците ги бројат жртвите, САД против осуда на насилството
Палестинското министерство за здравство соопшти дека израелските вооружени сили убиле најмалку 58 лица, а раниле 2.771 Палестинец. Шестмина од убиените демонстранти се малолетни лица. Вкупно 1.373 ранети демонстранти добиле прострелни рани
Билансот на жртвите од судирите помеѓу Палестинците и израелската војска во Газа се искачи на најмалку 58 убиени лица и над 2.700 ранети. Повеќето од ранетите палестински демонстранти имаат...
Изложба на унгарски фотографи со воени теми во Музеј на Град Скопје
Изложбата „Пред и по Капа: Фотографии со воени теми“ на унгарски фотографи од пред сто години и денес, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на Град Скопје.
На изложбата ќе може да се видат фотографии на една од најистакнатите фигури на военото фотографирање од унгарско потекло, Роберт Капа, по чие презиме е именуван и Центарот Капа, односно...






































