САД и Кина се договорија да не влегуваат во трговска војна

Кина и САД се договорија дека нема да водат трговска војна и дека ќе го запрат воведувањето взаеми царини, изјави вицепремиерот на Државниот совет на Кина Лиу Хе по преговорите во Вашингтон. - Најважен резултат од одржаните трговско - економски консултации е дека страните постигнаа консензус да не се води трговска војна, како и да престане воведувањето меѓусебни царини- рече...

В четврток и петок средба Димитров- Коѕијас- Нимиц во Њујорк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 24 и 25 мај (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштуваат од македонското МНР. Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата, во исто време со нашето, ја...

Лице обвинето за убиство подметна пожар

Подметнат бил пожар во куќа во неготинско Пепелиште, нема повредени, оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.  - Пожарникар го пријавил во полиција, синоќа случајот со подметнат пожар од страна на едно лице. Никој не живеел во куќата во која бил подметнат пожарот, рекоа од полицијата. Бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот. Неофицијално, во...

Украдени над 20 илајди евра од куќа во Гостивар

Крадци од куќа во Гостивар вчеравечер одзеле над 20 илјади евра додека домаќините биле излезени од домот. Според СВР Тетово, тешката кражба се случила вчеравечер на 19 мај во периодот од 18 до 1 часот и 45 минути по полноќ на улица „Балиндолска“ во Гостивар. Во овој период, засега непознати сторители провалиле во куќата на гостиварецот С.Б. (51). Во внатрешноста...

Зверев скромен, не се смета за фаворит на мечот со Надал

Германскиот тенисер Александрр Зверев рече дека не е фаворит во финалниот меч на турнирот во Рим, каде што ќе се сретне со Шпанецот Рафаел Надал. Сепак, Германецот забележа дека ќе стори се што е во неговата моќ за да победи. - Рафаел не е играч, за кој треба да зборувате многу. Освои многу турнири, десет пати има победено на „Ролан Гарос“....

Грабеж со атоматска пушка во Визбегово

По полноќ во полиција е пријавен грабеж во бензиска пумпа „Макпетрол“ во скопско Визбегово. Според полициајта две непознати лица со закана со автоматска пушка извршиле разбојништво над вработениот при што одземен е дневниот промет. Од МВР додаваат дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Турските безбедносни сили запленија повеќе од еден тон хашиш

Турските безбедносни сили запленија еден тон и 261 килограми хашиш при операција во југоисточната област Дијарбекир, јави електронското издание на турскиот весник „Милиет“. Акцијата била спроведена во областа на градовите Лиџе, Хазро и Коџакој. При операцијата биле пронајдени и 50 килограми амониум нитрат кој се употребува за производство на експлозиви. Амониум нитратот бил скриен во две скривници и една пештера. Во областа...

Ајнтрахт го освои националниот куп по пауза од три децении

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт направи големо изненадување во финалето на фудбаслкиот Куп на Германија, откако синоќа во Берлин го победи Баерн Минхен со 3:1. За Ајнтрахт ова е прв куп трофеј по пауза од 30 години и вкупно петти во историјата. Од друга страна, Баварците загубија финале во Купот за прв пат од сезоната 2011/12. На овој дуел, Нико Коваќ за последен...

Клoп: Реал е фаворит, но ние сме Ливерпул

Во пресрет на финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува голема борба против фаворитот. 50-годишниот Германец вели дека и Ливерпул има свои адути и квалитет да го освои елитното натпреварување. - Точно е дека тие се фаворити. Ја освоија ЛШ четири пати во последните пет години. Постојат три доминантни екипи во последните години...

ВИДЕО: Опра Винфри има најскапа вила во Холивуд

Меѓу холивудските ѕвезди кои живеат во најскапи вили се Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси, како и Рајан Сикрест, но престолот и припадна на „кралицата на ток-шоуата“ - Опра Винфри. Имено, таа живее во палата со вкупна вредност од 85 - 90 милиони долари, која се протега на 23.000 метри квадратни. Куќата има шест спални соби, 16 бањи, базен,...