Кадетките на ЖРК Куманово станаа шампионки на Македонија
Kадетките на ЖРК Куманово постигнаа голем успех и станаа шампионки на Македонија за сезоната 2017/2018 година.
Во Куманово се одржа завршниот турнир – фајнл фор во женската кадетска ракометна лига (ген.2000) на кој што настапија екипите на ЖРК Вардар Јуниор, ЖРК Металург, ЖРК Стружанка и екипата на домаќинот на турнирот, ЖРК Куманово.
На турнирот најпрвин во саботата предпладне се одиграа двата...
Успешно одржана меѓународна конференција за корпоративна безбедност
Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност и Агенцијата за приватно обезбедување Никоб, во Скопје, успешно се одржа Четвртата меѓународна и стручна конференција: “ Интегрирана корпоративна безбедност-Дигитални трансформации како предизвик за академската заедница и модерните корпорации”.
Цел на конференцијата беше истражување и размена на инфорамции, практики и теоретски сознанија за улогата на корпоративната безбедности успешно водење бизнис кај современите корпорации....
Облачно, попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи
Променливо облачно, попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи, особено во централните и источните делови на земјава. Ќе дува умерен југоистоен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 25 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Работнички поведе против вечниот ривал во финалето на плејофот
Кошаркарите на Работнички го совладаа вечниот ривал МЗТ Скопје со 86-77, вечерва во „Градски Парк“, со што поведоа со 1-0 во финалната серија од плејофот.
Центарци го решија дуелот со серија од 18-7 во последните шест минути, кога стекнаа предност од 85-77.
Чавдар Костов забележа 21 поен, а Расел Робинсон постигна 18 коша за Работнички, додека Јуре Лалиќ и Дамјан Стојановски...
„Чудото од дете“ Дончиќ ја освои и Евролигата во сезоната од сништата
Најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ (19) ја освои Евролигата со Реал Мадрид, славејќи над досегашниот шампион Фенербахче со 85-80 во финалето на фајналфор-турнирот во Белград, со што продолжи неговата сезона за паметење.
Младиот играч познат под прекарот „чудо од дете“, забележа 15 поени во завршниот меч, додека претходно постигна 16 коша во триумфот над ЦСКА Москва 92-83, во полуфиналето.
https://www.youtube.com/watch?v=K_zz0ljgh3s
Дончиќ стана...
Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс
Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одложија медениот месец за да можат да присуствуваат на роденденот на принцот Чарлс, кој е само неколку дена по нивната венчавка.
Хари и Меган на 22 мај ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе се појават како војвода и војвотка од Сасекс.
Планирано...
ФОТО: Најстариот човек на светот има 121 година и посакува уште да живее
Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек на светот. Тој има 121 година и се грижи за кокошки на семејна фарма во Веракруз, Мексико. Тој е осум години постар од Масаз Ненаке од Јапонија, кој во моментов го држи Гинисовиот рекорд како најстар човек во светот.
Овој Мексиканец не се обидел да го официјализира податокот и да влезе во Гинисовата...
Дел од Кисела Вода утре без струја
Без електрична енергија утре од 5 до 11 часот ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев“ бр.16, 16 а, 18, 18 а, 20 и 22.
Во периодот од 5 до 8 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Паница“, Стопанска банка на улицата „Божидар Аџија“, дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ бр.16, 16 а, 18, 18 а, 20 и 22.
Без...
РСБСП ја почнува третата фаза од кампањата „Младост без лудост“
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со делење на едукативен материјал на гостите во ноќните клубови во Скопје ја почна третата фаза од кампањата „Младост без лудост“.
Целта е да се сврти вниманието за ризиците со кои се соочуват младите луѓе во сообраќајот и да се разбудат нивните позитивни сообраќајни навики.
- Кампањата „Младост без лудост“ започна да се...
Во Шпанија спасени 162 мигранти
Припадници на шпанската поморска служба за спасување спасија 162 мигранти кои се обиделе да преминат опасна рута преку Медитеранот за да стигнат до Европа.
Спасувачите пресретнале четири чамци во кои се наоѓале вкупно 162 лица.
Секоја година, десетици илјади мигранти се обидуваат да стигнат до Шпанија и други европски земји.
Според податоците на Обединетите нации, оваа година 615 мигранти загинаа во Медитеранот. ...





































