Левица поднесе кривична пријава против Заев за нарушување на уставниот поредок
Партијата „Левица“ поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за нарушување на уставниот поредок на државата, денеска во Основното јавно обвинителство.
Димитар Апасиев смета оти Заев ги загрозил преговарачките позиции на Македонија, доведувајќи ја државата во зависна положба од друга држава, во спорот за името со Грција.
Од партијата побараа премиерот да биде повикан на распит, во очекување обвинителството да ја...
Изгубената генерација на Исламската држава
Во затворите во Македонија има лица што издржуваат казна во согласност со кривичноправните прописи за учество во странски паравоени формации во Сирија како и за регрутација на борци. Следната година првата група од нив ќе излезе и ќе биде на слобода. Се направи ли нешто да ги рехабилитираме во затворите, да ги подготвиме за ресоцијализација и за реинтеграција по...
Милошоски: Комисијата за надворешна политика бара од МНР увид во списите за предлогот за името
Собраниската Комисија за надворешни работи денеска од Министерството за надворешени побарала списи за предлогот за решение на спорот за името што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев - Република Илинденска Македонија, соопшти денеска претседателот на оваа Комисија Антонио Милошоски.
- Многу е тешко да се изгради став кога немаме предлог и затоа сакаме како Комисија за надворешна политика...
Енрике главен фаворит за тренерската функција во Челзи
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е прв фаворит за нов предводник на Челзи.
Раководството на лондонскиот клуб смета дека Шпанецот е најсоодветно решение за менаџерската позиција.
Според англиските медиуми, на сегашниот тренер Антонио Конте ќе му биде раскинат договорот за што клубот ќе плати обештетување од 10 милиони евра.
Покрај Енрике, во комбинација се и Маурицио Сари од Наполи и Леонард...
По лидерската средба нема решение за спорот со Грција
Реакциите на предлог-името од Зоран Заев - „Република Илинденска Македонија“, и во домашната и во грчката јавност, не говорат во прилог на увереноста на премиерот на македонската влада дека е најден севкупен модус за решавање на спорот за името со Грција
Ентузијазмот од страна на Владата по самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија (17 и 18 мај 2018), дека...
Санџа Мацури – „Денот на јакузите“ во Токио
Фестивалот „Санџа Мацури“ е прослава во чест на легендарните тројца основачи на храмот Сенсоџи во предградието Асакуца, во Токио, Јапонија. Околу два милиони посетители учествуваат во тридневниот фестивал. Дел од учесниците ги покажуваат нивните традиционални тетоважи поврзани со јапонската мафија Јакуза. Медиумите затоа го нарекуваат фестивалот и Ден на јакузите.
Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата
Платформата за споделување видео снимки Јутјуб воведува опција за препознавање на музиката во снимките, слично на популарната апликација Шазам.
Функцијата ќе биде достапна во самиот опис под видеото, а во информациите ќе стои насловот на песната, изведувачот, па дури и авторите на текстот, како и линк до официјалната страница или канал, кога тоа е можно.
Ова ќе помогне и за поголема заштита...
Кинеските бомбардери го алармираа Пентагон
Реакцијата на САД следува откако кинеската воена авијација првпат во Јужно Кинеско Море распореди бомбардери со голем дострел, со што во нивен досег се поставува цела југоисточна Азија
Официјален Пентагон го критикуваше „продолжувањето на милитаризацијата“ на кинеските позиции на островите во спорниот дел на Јужно Кинеско Море. Реакцијата на САД следува откако кинеската воена авијација првпат во ова море распореди...
Меѓународната петорка крои нов договор за Иран?
Новиот договор предвидува финансиска помош за Иран, а за возврат Техеран да ги ограничи производството на балистички ракети и своето мешање во земјите од регионот, наведува „Велт ам Зонтаг“.
Дипломати од Европа, Кина и од Русија разгледуваат нов договор со Иран во надеж дека ќе го спасат нуклеарниот договор од кој САД се повлекоа. Новиот договор предвидува финансиска помош за...
Силна бура во Сибир, повредени 39 лица
Речиси 40 лица се повредени во бурата која синоќа го погоди рускиот град Тјумен во Сибир, од кои шестмина се хоспитализирани, изјави портпаролката на регионалните здравствени власти Александра Малигина.
- Вкупно 39 лица побарале помош поради различни повреди, здобиени во бурата...Во болница се одведени шест лица, меѓу кои и 12-годишно девојче, кое претрпело потрес на мозок - прецизираше Малигина и...





































