Заев: Овој македонско-грчки порив за решавање на името мора да успее
Немаше подобар момент да зборувам за отвореното општество отколку што е актуелниот миг на нашата општествено политичка стварност. Овие денови сме исправени пред пресудни чекори да го решиме 25-годишниот спор за името. Се соочуваме со овој предизвик за Македонија и граѓаните да одат напред. Со граѓаните на нашата земја зацртавме дека 2018 ќе биде година на силни реформи и...
Јилдирим: Ако Атина престане да мисли дека цело Егејско Море е нејзино, тогаш ќе запрат тензиите
Тензиите меѓу Турција и Грција може да бидат избегнати, ако Атина престане да верува дека Егејското Море е целосно грчко, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Вима".
- Главниот извор на тензии меѓу Турција и Грција е грчкото сфаќање дека Егејското Море е целосно грчко море, притоа игнорирајќи ги законските права на Турција...
Културата на дланка заедно со Еуролинк осигурување
Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, веќе петта година по ред ја организира бесплатната туристичка тура насловена како „Мапа на културата“.
Овојпат, над стотина граѓани ќе имаат можност да ги слушнат преданијата за
селото Галичник раскажани од најстариот жител на Галичник, Павле Лукановски.
На целодневната прошетка, учесниците ќе се запознаат со...
Над 130 милиони евра за малите и за средните претпријатија
На малите и на средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка, ЕБОР и од инвестициски ЕУ-грантови.
Ова го најавува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервјуто за МИА, во кое истакнува дека е важна поддршката од странските инвестициски банки за приватниот сектор во Македонија особено за малите...
Бугарските патишта покриени со рози
Производителите на рози блокираа повеќе патни правци во Бугарија поради ниската откупна цена на розите
Километарски колони автомобили имаше на патот Пловдив - Карлово во реонот на градот Бања и на други места во Бугарија поради протест на производителите на рози, кои се незадоволни од ниската откупна цена на розите. Протести имало и во другите реони во Бугарија каде што...
Заев доби ослободителна пресуда за „Поткуп“
Пресудата за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, е осободителна.
Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.
Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра...
ТВ-дуелите се враќаат на сцена
Македонија наскоро ќе му стави крај на долгогодишниот недостиг од телевизиски соочувања на политичарите од највисоко ниво.
Иако нема избори, поради актуелностите поврзани со наметнатиот спор за името со Грција, водачите на двете најголеми партии во Македонија, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозивијата Христијан Мицкоски, се согласија наскоро да се појават на соочување на телвизиските екрани.
Имено, портпаролот на Владата...
Косовци ќе можат да патуваат во Европа без визи?
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е уверен дека до крајот на годинава граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ттој очекува претходно во јуни Косово да добие од Европската унија позитивна оценка за либерализација на визниот режим.
- Одиме со неколку чекори. Во јуни ќе ни биде дадена оценка на ЕУ. Но,...
Поскапувањето на нафтата го вклучи алармот кај транспортерите
Со сегашните цени на горивата, транспортерите работат на работ на рентабилноста, поради што има опасност да се затворат некои од малите фирми
Растот на цената на нафтата на светските берзи значително ја влошува и онака тешката состојба во транспортниот сектор. Цените на горивата во последниов период имаат нагорна тенденција, што најмногу го чувствуваат транспортерите. Ако ваквиот тренд продолжи, има опасност...
Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, ќе биде пуштен во промет најверојатно на 1 јуни, јави дописникот на МИА од Приштина.
На конференција за медиуми по денешната владина седница, Харадинај изјави дека според информацијата што ја добил од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, работите на овој пат ќе завршат до...





































