Објавено авторското цеде „Диптих“ на Трандафиловски
Изминатата недела, под етикетата на издавачката куќа „Метие“, беше објавен најновиот авторски компакт-диск на композиторот Михаило Трандафиловски, насловен „Диптих“. На албумот се сместени камерни дела и дела за дуо виолина во изведба на виолинистот Питер Шепард Скарвед, пијанистот Родерик Чедвик, квартетот „Кројцер“ и ансамблот „Лонгбоу“.
- Како кај големите автори-изведувачи во историјата на музиката, меѓу кои Телеман, Барток, Јоаким и...
Хрватскиот филм „Устав“ најдобар на фестивалот SEE Berlin 2018
Во култното кино Бабилон во Берлин синоќа, со прогласување на победниците во повеќе категории, заврши овогодинешното издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа - SEE Berlin 2018.
Како што соопшти Универзитетот ЕФТА, интернационалното жири за најдобар филм на фестивалот го прогласи филмот Устав на Република Хрватска, во режија на Рајко Грлиќ, чиј копродуцент е македонската продукциска куќа „Револушн Продукција“.
Најдобар...
Излегува „Историја на порнографијата“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Историја на порнографијата“ од хрватскиот писател Горан Трибусон. Првпат објавен во 1988 година, романот важи за едно од најзначајните современи хрватски прозни дела. Преводот на македонски е на Владимир Јанковски.
„Историја на порнографијата“ е прекрасна и топла приказна што го следи растењето на една група пријатели од нивните најрани денови до стапувањето...
Меѓународен параглајдерски натпревар на Попова Шапка
Мартин Јовановски e севкупен победник на Параглајдерскиот натпревар „Љуботен опен 2018“ кој деновиве се одржа на Попова Шапка, кој воедно го освои првото место и во сериска категорија.
Во сите категории, но и во сериска категорија на второто место беше Борјан Јованоски, додека трет беше Дарко Станковски, кој пак, беше најдобар во спортската категорија. Во оваа категорија, на второто место...
Во Кочани пристигнуваат над 210 учесници од 16 театарски групи
Под мотото „Уметноста е долга, животот е краток“, 55-то издание на ДАФ ќе биде засилено со придружни манифестации, многу гости, промоции на книги, работилници, ликовни перформанси, театар на сенки…
Со словенечката претстава „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија вечерва во 19 часот почнува официјалната програма на 55-от Драмски аматерски фестивал во Кочани. Фестивалот годинава...
Македонскиот проект „Ослободување на просторот“ во Венеција
Македонскиот проект „Ослободување на просторот“ во саботата беше официјално претставен пред јавноста на 16-то Биенале на архитектурата во Венеција и предизвика голем интерес кај публиката, како што велат од Музејот на современа уметност, кој е носител на проектот.
Шеснаесеттото Биенале на архитектурата се отвори викендов, а ќе трае до 25 ноември.
Павилјоните на земјите-учеснички, како и секоја година, беа отворени изминативе...
На нероден Петко, име (капа) му кројат
Знаете ли колку бракови се распаднаа, ако не се распаднаа, тогаш барем сериозно се разнишаа, поради името на новороденчето. Вообичаено е да се дава име на новороденче. Возрасните може да добијат само прекар, скопски „галабија“, а жените ново презиме, евентуално две. Имам чувство дека мојата држава, во чиј главен град сум роден пред 68 години, на ден св. Аранѓел...
Доживотен затвор за двајца поранешни југословенски разузнавачи
Врховниот суд на Германија со седиште во Карлсруе ги потврди казните доживотен затвор за Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на хрватската и на југословенската тајна служба.
ХРТ, повикувајќи се на свои извори, јави дека одлуката за ревизија на постапката е со датум од 2 мај, а датумот за испраќање е денешен.
На 3 август 2016 година висок суд во...
Илјада години Охридска архиепископија
Милиениумското опстојување на Охридската архиепископија, како еден од најзначајните јубилеи за македонската држава и народ, се одбележува со бројни културни, научни, академски, образовни и спортски настани, организирани на локално, но и на највисоко државно ниво.
Активностите се распределени да се одржуваат се до крајот на календарската година, во чии рамки се предвидени ликовни колонии, промоција на научни дела, поштенски марки,...
Дуел(и)
Затоа, бесмислено е прашањето кој победил, бидејќи со вакви лидери (и сите оние што внатре во парламентот Заев ги купува на пазар со многу пари и привилегии) Македонија е во кома! Политичката арена е арена на неумните и бескрупулозните; другите остануваат декор за наводна демократска јавна дебата
Пред неколку дена се случи настан од (наводно) големо јавно значење: по можеби...







































