Разговори за сите можни опции за името

Отворени се сите можни опции за решение за името. Ниту едно име не е фаворизирано и се уште се разговара. За грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“. Експертските работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го...

Продолжува судењето во случаите „Тотал“ и „Транспортер“

Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг" ДООЕЛ, „ „Тотал“медија центар" и „Медијамакс" и 63.032 евра како физичко лице. По неколку одложувања поради здравствени и семејни...

Генерален штрајк во Грција

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за денеска закажаа генерален 24 часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција. Проблеми се очекуват во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а земјата ќе биде без вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот. Контролорите на летање три часа, од 10 до 13 часот, ќе престанат со...

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 32 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8. Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни...

Епл ќе користи ОЛЕД дисплеи за сите свои телефони од 2019 година

Според информациите од корејското издание на „ET Њуз“, Епл одлучиле да се префрлат на OЛЕД дисплеи во своите паметни телефони од 2019 година. Ова значи дека планираниот модел на ајФон со ЛЦД панел за оваа година може да биде последен со дисплеј од овој тип. Одлуката на компанијата од Купертино е одлична вест за производителите на ОЛЕД дисплеи. Во моментов, најголеми...

Од јуни НАТО ќе го чува црногорското небо

Од петти јуни воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција кои почнуваат од тогаш со воздушни патроли над таа држава. – Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе и помогнат да го обезбеди воздушниот простор, соопштија од НАТО. Според Алијансата, италијански и грчки авиони ќе бидат и понатаму стационирани во нивните матични држави, и...

Хамас и Исламски џихад презедоа одговорност за нападот врз Израел

Вооружените крила на палестинските исламистички движења Хамас и Исламски џихад, презедоа во заедничко соопштение одговорност за артилериски оган врз Израел од Појасот Газа. Двете формации соопштија дека реагирале на неодамнешните израелски напади врз нивни позиции во енклавата. – Тие криминални дела (на Израел) не може во никаков случај да се толерираат, соопштија тие. Двете крила на Хамас не објавиле заедничко соопштение веќе...

Изразен интерес за отворање македонски конзулат во Малта

Премиерот Зоран Заев на средбата со премиерот на Малта Џозеф Маскут го изрази интересот на Република Македонија  да отвори можност за конзуларни услуги во Валета со цел да им се олесни комуникацијата на големиот број граѓани на Македонија кои работат во Малта. Владината прес-служба информира дека на средбата одржана во рамки на посетата на премиерот Заев на Малта, пренесен е...

Народниот правобранител ја има поддршката од граѓаните и институциите

Најдоброто нешто што може да им се случи на земјите со различности е некоја институција која може да ги сплоти. Институцијата омбудсман се обидува да ја игра токму таа улога, а нашето членство во Асоцијацијата на омбудсманите на Медитеранот ни дава ветер во грбот да напредуваме. Ова го истакна народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети вечерва на приемот во...

Тачи верува дека дијалогот со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска, по средбата со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц рече дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации. Според него,  двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. - Со канцеларот Курц зборувавме за прашања од значење за...