Дел од Карпош и Кисела Вода утре без струја

Дел од општините Карпош и Кисела Вода утре, во одреден период од денот, ќе останат без струја. Како што соопшти РЦУК, од 08:30 до 11:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од дел од улицата „Букурешка“ во Карпош, а од 12:00 до 15:00 часот корисниците од дел од населбата „Теферич“ во Кисела Вода.

Трамп по Самитот на Г-7 го нападна Трудо на Твитер

Претседателот на САД Доналд Трамп, по предвременото заминување од Самитот на Г-7 во Ла Малбе, за време на летот кон Сингапур, на неговиот Твитер налог изнесе бројни обвинувања за домаќинот на Самитот, канадскиот премиер Џастин Трудо. Трамп на Твитер објави дека на претставниците на САД на Самитот на Г-7 им дал инструкции да не го поддржат заедничкото соопштение, иако претходно...

Меј ја поздрави одлуката на Г-7 за продолжување на санкциите за Русија

Британската премиерка Тереза Меј денеска го поздрави заедничкото соопштение на групата Г-7, кое, како што истакна таа, ја препознало потребата да бидат продолжени санкциите за Русија, иако американскиот претседател Доналд Трамп изнел предлог Русија да се врати во групата.  Меј исто така, ја повтори потребата да се избегнат акциите „мило за драго“ во трговскиот спор меѓу Европската унија и САД.  -...

Путин: Борбата против тероризмот е приоритет на Шангајската организација

Рускиот претседател Владимир Путин на Самитот на Шангајската организација за соработка порача дека антитерористичките напори се приоритет на Организацијата. На обраќањето на Самитот, во кинескиот град Чингдао, Путин истакна дека новиот договор што го усвоила Организацијата опфаќа планови за заеднички антитерористички напори во наредните три години.  Тој наведе дека со договорот се предвидени заеднички воени вежби, размена на информации и спроведување...

Макрон: Заедничкото соопштение на Г-7 е само прв чекор

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека заедничкиот текст на лидерите на земјите од групата Г-7 претставува само прв чекор во обидот „да се стабилизираат работите“.  - Договорот е добра вест и претставува заедничка желба да се стабилизираат работите. Сепак, не мислам дека е постигнато се со заедничкото соопштение. Очигледно е дека во наредните недели и месеци ќе мораме да...

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд и грмежи, особено во планинските регион на исток и на запад. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 20 до 32 степена. УВ индексот ќе биде седум. Во Скопје слично време со температура од 17 до 30 степени.  До среда услови за нестабилност ќе има претежно...

Облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во планинските региони на исток и на запад. Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 32 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Португалија со Роналдо пристигна во Русија

Репрезентацијата на Португалија денеска пристигна во Москва, главниот град на Русија, каде за пет дена почнува Светското фудбалско првенство. Предводени од најголемата ѕвезда во своите редови, португалските фудбалери слетаа на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва. Актуелните европски прваци на Мундијалот се во Б-групата каде што ќе играат против Шпанија (15 јуни), Мароко (20 јуни) и Иран (25 јуни).

„Максим“ ја прогласи Кејт Аптон за најсекси жена во 2018 година

Американскиот топ модел Кејт Аптон, сопругата на бејзболистот Џастин Верландер, излезе на насловната страна на списанието Максим облечена во провокативна облека. Таа од списанието е избрана за американска убавица бр.1 меѓу најсексапилните жени за 2018 година. Фотографијата со Кејт беше снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон, позната како „Телото“....

Батет: Промена на Уставот е решението за Каталонија

Министерот на Шпанија за јавна управа Мартижел Батет посочи денеска дека за да се реши кризата со Каталонија треба да се направат реформи во Уставот. Тој наведе дека сака шпанскиот Устав да се насочи кон „федерален модел“. Бабет констатираше дека досега Уставот се покажал како успешен, но дека му се потребни измени поради новосоздадената ситуација.