Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје
Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош.
В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал од струен удар додека ја командувал дигалката.
Телото на...
Кари: Никогаш не е досадно во НБА
Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, Стеф Кари призна дека тој никогаш не е уморен за да победи во НБА лигата и на секој натпревар игра мотивирано.
- Имам такви свежи емоции. Чувството е многу убаво кога ќе се искачите на подиумот и да сфатите дека тоа е награда за напорната работа во текот на сезоната. Таквите чувства никогаш...
Уапсени Албанки кои „празнеле“ супермаркети во Атина
Грчката полиција уaпсила седум Албанки кои година ипол краделе во супер маркетите во Атина.
Полицијата ги објави фотографии и идетнитет на упасените, кои „криминалната активност ја почнале од почетокот на 2016 година“.
- Начинот на кој вршеле кражби бил многу софистициран, употребувајќи апарати за деактивирање на механизмот против кражби. Исто така користеле и посебни чанти обвиткани со алуминиумска фолија, со цел...
Министерот за транспорт и врски Владо Сугарески во посета на автопатот Кичево- Охрид
Денес Министерот за транспорт и врски Владо Сугарески, престојуваше на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ги посети и тунелите кај село Попоец. По разгледувањето на самиот терен и разговорите со надзорот, министерот беше детално информиран за состојбите на терен.
-Денеска сум во обиколка на целата траса на автопатот Кичево Охрид. Надзорот ме информираше за градежните активности што се одвиваат на...
МВР: Тенденциозни се шпекулациите за кадровски промени кај „тигрите“
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени деновиве во дел од медиумите за наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи „Тигар“.
Според МВР, поставувањето службеник на командна позиција во оваа единица е целосна тенденциозна невистина.
- Партиската, верската или која било друга припадност, не е, ниту ќе биде критериум за професионално напредување во организациските структури на МВР,...
Не постојат никакви поделби и разногласија во Владата на Заев, вели Бошњаковски
Владата ги отфрла тврдењата во некои медиуми за наводни поделби и разногласија. Тврди дека е единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.
Како што вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, не постојат никакви поделби во Владата на Заев.
- Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав...
Ердоган: Ќе преземеме мерки за одлуката на Виена да затвори седум џамии
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе преземе мерки како одговор на одлуката на Виена да затвори седум џамии и да ги протера турските муслимански свештеници, кои беа обвинети дека се финансирани од странски државјани.
- Се плашам дека чекорите преземени од австрискиот премиер го водат светот кон војна меѓу крстот и полумесечината. Вие го правите тоа, а ние...
Кривична и притвор за кумановец што произведувал марихуана
Кривична пријава и 30-дневен притвор доби Д.З. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Според МВР, полициски службеници завчера околу 23 часот го легитимирале Д.З. на улицата „Лазар Поп Трајков“ при што пронашле полиетиленска кеса со растителна материја.
По добиена усна наредба за вршење претрес во...
ОЈО Гостивар ги истражува причините за смртта на починатиот кај село Бигор Доленци
Основното јавно обвинителство Гостивар ги истражува причините за смртта на починатото лице, чие тело во распаѓање беше пронајдено над кичевското село Бигор Доленци, а врши и ДНК анализа за потврдување на идентитетот на починатиот. Според првичните сознанија починатото лице било на возраст од 27 години и е жител на село Стрелци, кичевско.
- По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над...
Околу 150.000 лица учествуваа на протестот на владејачката коалиција во Букурешт
Романската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократската партија, во Букурешт синоќа одржа протест против „злоупотребата во правниот систем“.
Тоа е дел од обидите на владејачката коалиција да се избори со протестите на оние кои тврдат дека романската Влада ги попречува антикорупциските процеси.
Премиерката на Романија Вјорика Данцила и романски министри присуствуваа на протестот на кој, според проценката на полицијата, се собрале околу...






































