Вучиќ: Протестите поради високите цени на горивата се политички мотивирани

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод протестите ширум Србија поради високите цени на горивата, денеска изјави дека „секој може да протестира, но притоа да не го крши законот“, обвинувајќи ја притоа опозицијата дека стои зад протестите. - Ги молам луѓето да бидат трпеливи, во Србија не смее да има насилство и нималку не им се плашам, рече Вучиќ, додавајќи дека...

Трамп и Ким пристигнаа во Сингапур за историската средба во вторник

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џон Ун денеска имаше средба со премиерот на Сингапур, Ли Хсијен Лунг , во пресрет на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во вторник на островот Сентоса. Како што пренесуваат светските агенции, Ким на средбата истакнал дека „цел свет го набљудува историскиот самит помеѓу Демократска Народна Република Кореја и Соединетите Американски Држави“,...

Филмот „250 скали“ победник на 7. Меѓународен фестивал за спортски филм во Златибор

Документарниот филм „250 скали“, работен по идеја на македонскиот новинар Живко Здравковски, а посветен на кошаркарските светски шампиони, е победник на Седмиот меѓународен фестивал на спортски филм на Златибор. Српскиот документарен филм „250 скали“ е на сценаристот Владимир Пајиќ и режисерот Владимир Курчубиќ, а во продукција на „Пи-Ем-Џи мрежа" од Белград. Филмот „250 скали“ е возбудлив и драматичен, на моменти носталгичен...

Харадинај: Прашањата со Србија да се решат со признавање, не со пазарење

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека единствениот начин да се затворат прашањата меѓу Косово и Србија е помирувањето на двата народа и признавањето на независноста на Косово од страна на Белград. Ваквиот став Харадинај го изнесе на денешната свечена седница на косовското Собрание одржана во Призрен, по повод 140 години од формирањето на Призренската лига. Косово, според премиерот Харадинај, се наоѓа...

Утре без вода корисниците од бул.„Партизански Одреди“ и ул. „Црвена Вода“

Прекин во водоснабдувањето утре од девет часот ќе имаат корисниците на дел од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Црвена Вода“ во општина Карпош, информираат од РЦУК Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм., на бул. „Партизански Одреди“ број: 36.  

БПЦ: Ќе сториме сe што можеме да им помогнеме на браќата во Македонија

Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во посланието, објавено на веб страницата на Светиот синод на БПЦ, се вели дека денес на Балканот постојат...

Кристијан Тимоние: Прашањето за името не може да се реши по цена на нови поделби

Ние сесрдно ги поддржуваме храбрите напори што беа направени во текот на изминатата година за да се надмине безизлезната ситуација, која добива драматични размери кога ќе се констатира дека земјата и понатаму ја напуштаат граѓани кои се нејзина движечка сила. Работата врз тој приоритет не треба да се одолговлекува и секогаш мора да се има на ум кога ќе...

Жител на село Логоварди изгоре во пожар

Д.Г. (52) од село Логоварди, Битолско, утрово го загубил животот откако во неговата куќа избувнал пожар. Како што соошти МВР, од пожарот што избувнал во 05:40 часот целосно изгорела и куќата. Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожарната единица, а увид се врши денеска. 

Си ја поздрави слободната трговија, ја критикуваше „себичната политика“

Кинескиот претседател Си Џинпинг на Самитот на Шангајската организација за соработка во Чингдао, ја фалеше слободната трговија, а ја критикуваше „себичната политика“. Тој повика на одржување на прописите на Светската трговска организација (СТО), поддржување на мултилатералниот трговски систем и изградба на отворена глобална економија.  Иако Си во говорот не го спомена американскиот претседател Доналд Трамп, Пекинг сака себе си да се претстави...

Филипче: Новите методи го зголемуваат преживувањето кај предвремено родените бебиња

Употребата на нови неинвазивни методи и лекови ја зголемува веројатноста за преживување на предвреме родените бебиња со мала родилна тежина, се скратува времето поминато на интензивна нега, се овозможува побрзо спојување со мајката, а се намалува и можноста за оштетување на нивниот слух и вид. За ова сведочи и предвремено роденото бебе во 27 гестациска недела со родилна тежина под...