Нема поделба во македонската Влада, во Атина очекуваат „решителен чекор“
Во Владата на Р. Македонија нема никакви поделба и разногласија и работи единствена и посветено на решавање на спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните. Од грчка страна постои оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор.
- Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав...
Погледни го домот свој, ангеле!
Романот на Томас Вулф малкумина го прочитале, но стиховите на Бора Чорба се многу попознати. Со нив, на Фејсбук, Заев ја најави „бомбашката“ кампања, која подоцна доби стилизирано име „Вистината за Македонија“. Па, која е вистината? Ја гледаме или живееме во димна завеса? На почетокот на 2015 година предупредував за она што сега навистина се случува (покрај името, поради...
Се урна американски авион, пилотот се катапултирал
Пилотот успешно се катапултирал од американски борбен авион Ф-15, кој падна во морето, недалеку од брегот на Окинава во јужна Јапонија, јавија јапонските медиуми.
Авионот полета од воздухопловната база Кадена.
Авионот бил денеска на рутински лет, кога се случил инцидентот, соопшти американската армија во Јапонија.
Причината за падот се истражува, се вели во соопштеието на американската војска.
Балканска „демокалипса“
Секоја од владите на балканските земји, повеќе декларативно отколку со вистински програми и стратегии, се обидува да го спречи иселеничкиот бран. Се чини, тоа го прават парцијално, без некоја сериозна намера за вистински и коренити промени на целокупниот општествен систем, кои ќе донесат општа благопријатна клима што ќе влијае за подобрување на економските услови во земјата
Во последните десет години...
И Малта не го прифаќа бродот со мигранти „Аквариус“
Малта потврди синоќа дека не прифатиле да вплови брод на француска невладина организација што пренесувал над 600 мигранти.
Премиерот на Малта Џоузеф Мускат разговараше за тоа со шефот на италијанската влада Џузепе Конте.
- Малта нема да го прими тој брод во свое пристаниште - наведе во соопштение малтешката Влада во одговор на барање од италијанска страна.
Бродот Аквариус на француската органзиација...
Продолжува судењето за „Т.Н.Т“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува од повредите. Отсуството го...
Променливо време со температура до 34 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје и околината...
Израел го уништи тунелот на Хамас кој води до Средоземно море
Израелската војска денеска соопшти дека го уништила тунелот на Хамас што од Газа води до Средоземното Море.
- Тунелот требаше да им помогне на нуркачите да се прикријат и да ги нападнат израелските цели, соопшти војската.
Хамас не се огласи по тој повод.
Могерини: Јордан ќе продолжи да добива финансиска помош од Унијата
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска изјави дека Јордан ќе продолжи да добива финансиска помош од Унијата.
- Тоа е инвестиција во сојузник во областа на светот, каде што тензиите се најсилни, рече таа.
Посетата на Могерини на Јордан е само неколку дена откако премиерот Хани ал-Мулки се повлече од протестите против планот за...
Зајберт: Германија го поддржува заедничкото соопштение на Г-7
Германија го поддржува соопштението на Г-7 и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече поддршката за Декларацијата донесена на Самитот во Канада, вели портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
- Германија го поддржува заедничко договореното соопштение, наведе Зајберт во кратко соопштение.
Трамп, по неговото предвремено заминување од самитот на Г-7 во канадската покраина Квебек, за време на летот...







































