Најбараниот британски бегалец, обвинет за шверц на големи количини кокаин, е уапсен во Шпанија – соопшти Националната агенција за криминал на Велика Британија (НЦА).
Станува збор за 49-годишниот Сајмон Датон, кого полицијата во Голем Манчестер го бараше поради сомнежи за меѓународен шверц на кокаин, перење пари, фалсификување пасоши и прекршување на мерки за спречување тежок криминал.
Датон бил уапсен во близина на туристичкиот град Бенидорм, а според британските власти, тој се наоѓал на листата од 12 најбарани бегалци.
Истрагата покажала дека организирал транспорт на кокаин од Шпанија кон Велика Британија. Во една полициска акција биле запленети 10,5 килограми кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 1,5 милиони фунти.
Од НЦА наведуваат дека приходите од криминалните активности биле користени за финансирање на неговиот луксузен животен стил, како и на неговите соработници.

































