Министерот на Шпанија за јавна управа Мартижел Батет посочи денеска дека за да се реши кризата со Каталонија треба да се направат реформи во Уставот.

Тој наведе дека сака шпанскиот Устав да се насочи кон „федерален модел“.

Бабет констатираше дека досега Уставот се покажал како успешен, но дека му се потребни измени поради новосоздадената ситуација.