Операција врз ПКК во Турција, загина турски војник
Еден турски полицаец е убиен, а еден војник е повреден во денешната операција врз Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на извор од турските безбедносни сили.
Весникот наведе дека синоќа турските безбедносни сили започнале опрерација против ПКК на планината Кавал, бидејќи, како што истакна весникот, курдските бунтовници планирале напад.
Во операцијата,...
Путин и Порошенко разговарале телефонски за размена на затвореници
Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, денеска оствариле телефонски разговор, при што зборувале за „размена на затвореници“ меѓу двете земји, соопшти Кремљ.
- Путин ја истакна неопходноста без одложување да бидат ослободени руските новинари приведени во Украина - се наведува во соопштението на Кремљ.
Кабинетот на Порошенко соопшти дека украинскиот претседател разговарал со Путин за...
Симона Халеп го освои „Ролан Гарос“
Најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп е победничка на Грен слемот во Париз. Таа попладнево по голема борба во три сета ја победи Американката Слоан Стивенс со 2-1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1.
Мечот траеше 2 часа 4 минути.
За 26-годишната Халеп ова беше прв триумф на еден Грен слем.
Таа по четврти пат во кариерата играше финале на еден голем турнир...
Опозицијата во Албанија не сака бегалски кампови во земјата
По информациите кои ги објавуваат медиумите, дека во Албанија ќе биде изграден голем камп за бегалци од блискоисточните земји, реагираше албанската опозиција произнесувајќи се дека е против тоа.
Отфрлајќи ја таквата идеја, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, рече дека не се сомнева во можноста, албанската Влада да донесе одлука што би била „како бомбона за...
Дедо извршил полов напад врз својата внука
Скопјанец со иницијали В.К. пријавил вчера во полиција дека врз неговата шестгодишна ќерка бил извршен полов напад. Како што навел во пријавата во полициска станица, половиот напад го извршил дедото на девојчето.
Пријавата е евидентирана во полиција вчера во 12.00 часот, како случај на полов напад врз малолетник кој не навршил 14 години.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на...
Балканот зафатен од невреме, град во Словенија, торнадо на Јадран
Силно невреме погоди делови на Балканот. Град со големина на тениско топче уништуваше автомобили во Словенија, а големо торнадо се појави на приморјето во Хрватска.
Торнадо се појавило кај црногорскиот приморски град Котор, а се движело кон Херцег Нови, при што биле оштетени куќи, згради, а силниот ветер корнел и дрвја.
Невремето оштетило и два помали авиони на аеродромот во Тиват.
Ирачанец обвинет за силување и убиство на Германка го призна делото
Полицијата во Багдад соопшти денеска дека Ирачанецот Али Башар (20), кој е обвинет за сексуално злоставување и убиство на 14-годишната Сузан Фелдман во Германија, ја признал вината.
Во петокот министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер наведе дека курдските безбедносни сили го привеле обвинетиот Башар, кој бил идентификуван од страна на германските безбедносни сили.
Фелдман во средата беше пронајдена...
Меморијален планинарски марш „Цвеќе за Рацин“
Планинарските друштва ПСД„ Бистра“и ПЕД„ Ендорфини“ од Кичево, утре го организираат 22. Меморијален планинарски марш „Цвеќе за Рацин“, со кој ќе се одбележи 75-годишнината од смртта на големиот поет и револуционер, Коста Солев Рацин, на планината Лопушник.
Маршот ќе започне во 7,30 часот од селото Извор од каде најпрво патеката води по колски пат сè до ливадата кај Долни Лопушник,...
Поправен и надграден радарскиот систем во Ѓуриште
Инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на мерната станица во Ѓуриште. Системот е поправен и надграден, на што работеше тим од Русија.
Инсталирана е и новата верзија на софтверскот пакет, а извршена е и целосна калибрација.
- Со овие поправки, сервисирање и надградба се овозможува континуирано и квалитетно следење на облачните маси, рана...
Османи: Потребен ни е политички и општествен консензус за напредок на земјата
Имам целосно разбирање за потребата на опозицијата да гради алтернативни политики од оние на власта, но, апелирам, за суштинските реформи, за евроатланската перспектива, но и за стратешките интереси на земјава, да изградиме политички и севкупно, општествен консензус, кој ќе претставува катализатор на напредокот на земјата.
Ова го порачал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска заедно со претставници...







































