УХМР: Најмногу дожд во Куманово, најмалку во Маврово
До 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврна во Куманово - 20 литри на метар квадратен, во Скопје Петровец 16, Скопје З. Рид 11, Лазарополе 4 и помалку од 1 во Маврово и Тетово, соопшти УХМР.
Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11:40 до...
Општина Центар ги повика граѓаните да пријават штети од невремето на јавни површини
Општина Центар по денешното невреме, формира општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите.
Од Општината информираат дека со цел нормализирање на состојбата на улиците и нормално движење на граѓаните, екипите се веќе на терен и работат на санирање на штетите.
Координативното тело за проценка на штети ги повикува граѓаните доколку увидат оштетување на...
Оштетени 10 возила и покривите на два објекта од невремето во Скопје
Сообраќајот по улиците во Скопје по невремето е нормализиран. Пренасочувања имало кај кружниот тек кај Континентал и на улица „Цветан Димов“. Пријавено е оштетување на 10 возила.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека кај Континентал пренасочувањето било поради заглавено возило, а на улицата „Цветан Димов“ поради паднато дрво на коловозот.
Од невремето во полиција е пријавено оштетување на кровни...
Геровасили: Треба да избегаме од фобиите и духовите од минатото
Треба да избегаме од фобиите и духовите од минатото и динамично да ја видиме иднината, вели грчката министерка за административна реконструкција, Олга Геровасили во интервју за грчката новинска агенција АНА- МПА, во однос на разговорите за спорот со името.
- Секоја политичка сила треба да преземе одговорност како кон грчкиот народ, така и кон историјата. Решението на името и целосна...
Ентони Бордејн – човекот што нѐ научи поинаку да гледаме на храната
Ентони Бордеjн, американскиот раскажувач, писател, готвач и славна телевизиска личност што ги освои гледачите низ светот, почина вчера на 61 година. Си-ен-ен ја потврди смртта на Бордеjн и информира дека причината за смртта е самоубиство. Во медиумите се прошири информацијата дека се обесил.
- Со преголема тага ви соопштуваме дека нашиот пријател и колега Ентони Бордејн почина. Неговата љубов кон...
Поетесата Сарџоска и гитаристот Шарески во Берлин
Поетесата Наташа Сарџоска, заедно со гитаристот и композитор Георги Шарески, кој живее и работи во Берлин, настапија на 19-от Меѓународен поетски фестивал во Берлин во Академијата за уметности на Германија. Нивниот настап беше осмислен по принципот на импровизација на мелодии и стихови. И покрај тоа што Сарџоска настапуваше на македонски јазик, тие ја понесоа публиката со нивниот поетско-музички-сценски-визуелен перформанс...
Бесмртните Криденси и неповторливиот Џон Фогерти
Рок-групата „Криденс клиервотар ривајвал“ е најпочитуваниот бенд во САД од раниот период на рок-музиката. Оваа група свирејќи рок, кантри, блуз и џез на крајот од 1960-тите години и почетокот на 1970-тите години израсна во една од најавтентичните и највозбудливите музички групи во наведениот период, кога рокенрол-групите цветаа. Тоа се симпатично распеаните Криденси (називот на бендот во превод значи прочистување...
Матеја Матевски – величина што ги надмина границите на нашата земја
Една од најмаркантните и најстамените фигури на современата македонска поезија, човек со фасцинантна уметничка ерудиција, кој зад себе остави грандиозно дело, раскошна дарба и талент што од него направија величина што ги надмина границите на нашата земја, истакна претседателот на МАНУ, Таки Фити, на комеморацијата за академик Матеја Матевски што вчера ја организираа Македонската академија на науките и уметностите...
„Поречки средби“ во Долна Белица
Четиринаесетти пат денеска во селото Долна Белица, Бродско, ќе се одржи манифестацијата „Поречки средби“, на која се очекуваат повеќе од 2.000 гости, а ќе биде збогатена и со културно-уметничка програма и други содржини. Почетокот на манифестацијата ќе биде во 10.30 часот, а присутните гости и жителите најпрво ќе ги поздрават градоначалникот на општината Македонски Брод, Живко Сиљаноски, и претседателот...
Сите ресурси на терен, се расчистуваат последиците од невремето во Скопје
Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат градските власти.
Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите...







































