Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Тотал“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Топлик“ и „Тотал“. Минатото рочиште за „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда. Во „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште. Јанакиески, како...

Вашингтон: Протерувањето американски дипломати од Русија само ги влошува односите

Протерувањето на 60 американски дипломати од Русија не е неочекувано и САД ќе се справат со тоа, соопшти синоќа Белата куќа. Одлуката сепак дополнително ги влошува односите меѓу двете земји, истакна Белата куќа во соопштение. Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки. -...

Франција се нуди да посредува меѓу Турција и сириските Курди

Франција се понуди да посредува меѓу Турција и Сириските демократски сили (СДФ), во кои доминираат борците на сириските Курди, соопшти Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Париз исто така ги уверил Сириските демократски сили дека поддржува стабилизација на северна Сирија. Курдскиот функционер Калед Еиса по средбата со Макрон и делегација од северна Сирија во која биле и претставници на Силите за...

Нова рунда преговори за името во Виена

Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена каде што шефовите на дипломатиите на двете држави Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц. Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна...

Над 25 милиони лица се пријавиле за работа во Индиски железници

Над 25 милиони луѓе се пријавиле за околу 90.000 работни места во Индиски железници, што укажува на предизвиците со кои се соочува премиерот Нарендра Моди кој вети дека ќе се отворат работни места за време на неговиот мандат. Државните железници, кои во моментов вработуваат 1,3 милиони луѓе, најави дека ќе отворат десетици илјади нови работни места - машиновозачи, техничари, инспектори...

Телевизија Сител добила лажна закана за поставена бомба во студиото?

Непознато лице се јавило во телевизија Сител, при што кажало дека во студиото има подметната бомба, вечерва околу 21 часот, неофицијално дознава „Нова Македонија“. Екипи од МВР излегле на терен во Градскиот парк во Скопје, за да ја испитаат веродостојноста на заканата, која се испоставило дека е лажна, според непотврдени информации.

Останува непознато за што разговараа Заев и Ахмети во Собранието

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска попладне по седницата за пратенички прашања во Собранието се сретна со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ Али Ахмети, потврдија од ДУИ. Заев ја најави средбата со Ахмети вчера во одговор на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кога објави дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП)...

Започна обновата на зелените површини во Градскиот парк

Градот Скопје започна акцијата за обнова на зелените површини во новиот дел на Градскиот парк. Во рамки на акцијата, се реконструираат тревните површини во близина на езерцето со нова хидрантска мрежа и се прават подготовки за да се постави урбана опрема и да се засадат повеќе од 200 дрвца. - Започнавме со реконструкција на зелените површини во стариот дел од Градскиот...

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш почнува за десетина дена

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе почне за десетина дена и можно е негово завршување до крајот на оваа година, најави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. - Не очекуваме проблеми во делот на имотно-правните односи и во некои други спорни ситуации. Тоа значи дека ќе има сериозна офанзива на изведба и можно е до...

Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик

Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга. Малолетникот во разговор со социјалниот работник, психолог, педагог и адвокат за деца изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоставуван од страна на друг малолетен...