Речиси 180 исчезнати при потонувањето на траектот во Индонезија
Најмалку 178 лица се водат како исчезнати откако траектот што превезуваше патници потона во езеро на индонезискиот остров Суматра, што е многу поголем биланс на исчезнати од она што претходно беше проценето, пренесува денеска агенцијата АП.
Вознемирените членови на семејствата побараа поголем ангажман на спасувачките служби и ги критикуваа индонезиските власти заради неуспехот да применат основни мерки на безбедност кога...
Бразилците станаа имуни на мундијалската треска
Вообичаената еуфорија за светските првенства (СП), во Бразил најдобро може да се забележи на познатата улица „Жорге Руџи“ во Рио де Жанеиро, но се чини дека таа изостана кога во прашање е Мундијалот во Русија, според сегашното расположение на тамошните љубители на фудбалот, пренесува „Њујорк тајмс“
Жителите на „Жорге Руџи“ традиционално ја украсуваат улицата со месеци пред почетокот на секое...
СП 2018: ФИФА задоволна од ВАР системот
Светската фудбалска федерација е задоволна од тоа како се користи видео технологијата ВАР на Мундијалот во Русија.
- На крајот од групната фаза на Светското првенство ќе се одржи медиумски брифинг за системот за видео-помош на арбитрите (ВАР), јавува Би-Би-Си.
Технологијата се користи за првпат на Светското првенство во Русија.
Како што е наведено, ФИФА е целосно задоволна од иновацијата. Заедно со...
Закројувања, прекројувања… до кога?!
По интензивирањето на изјавите за прекројувања на границите во регионов, аналитичарите оценуваат дека тие се само политичка пропаганда, која единствено служи за подгревање страв кај обичниот народ заради создавање клима во која одредени центри на моќ непречено ќе можат да ги реализираат своите проекти
Се затвори или се извади од фиока повторно сценариото за ново прекројување на границите на Балканот,...
Градежните работи на Цетинска ќе завршат до крајот на летово
Застојот со градежните работи при пробивањето на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општината Бутел веќе извесен период на граѓаните им предизвикува главоболки. Подолго време нема никакви градежни активности и работите за пробивањето на новиот булевар Христијан Тодоровски-Карпош стојат во место, а тоа, пак, ја прави сѐ уште затворена за сообраќај улицата Цетинска преку која единствено може да се растовари сиот...
Девојче се спасило од силување додека пасело овци
Шеснаесет годишно девојче успеало да се спаси од силување во село во околината на Виница, соопшти МВР.
Според истиот извор, во понеделникот во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека 16-годишно девојче ги напасувало овците, непознато лице се обидело да ја силува. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.
Се преземаат мерки за...
Гоџи-бобинки за еластична, здрава и младолика кожа
Познатата гоџи-бобинка, која потекнува од Азија, содржи дел од најхранливите и најздрави состојки што со години се користат за различни медицински цели. Светските здравствени експерти ја нарекуваат суперхрана, бидејќи содржи материи, кои ретко кој друг производ ги содржи. Но главната карактеристика на гоџи-бобинките е начинот на кој тие влијаат против стареењето. Во продолжение прочитајте дел од причините зошто ова...
Со „договорот“ си го суспендираме правото на самоопределување
Со оваа спогодба со Грција се ставаме во позиција самите да си ускратиме некои основни права. За почеток самите си го суспендираме правото на самоопределување што е загарантирано со повелбата на Обединетите нации. Потоа, самите си го граничуваме суверенитетот и дозволуваме Грција да ни го преуредува Уставот и да ни наложува преземање членови од нејзиниот устав, вели професорката по...
Нов момент на спречениот биолошки напад во Германија што го подготвувал Тунижанец
Германската полиција денеска соопшти дека открила нова димензија на спречениот биолошки напад кој го подготвувал Тунижанецот кој беше уапсен минатата недела.
Полицијата соопшти дека Тунижанецот подготвуал напад со биолошка бомба.
- Таквиот напад би бил преседан за Германија - изјави шефот на германската Федерална криминална полиција Холгер Минх.
Осомничениот, идентификуван само како Сиеф Алах Х., беше уапсен во Келн пред една недела...






































