Скандалот „Новартис“ ќе им ги отвори сметките на 10 грчки политичари

На десет политичари во Грција ќе им бидат отворени банкарските сметки затоа што постои сомневање дека земале поткуп од швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“, за да ги зголемат продажбите на нејзини лекови и да ја зголемат нивната цена во земјата. Ова го пишуваат весниците „Димократија“ и „Та Неа“, додавајќи дека наредбата за отворање на сметките ја издала обвинителката за корупција Елени...

„Шпанија во срцето“ со врвните Ѓорѓи Димчевски и Рикардо Касеро

Македонската филхармонија утревечер во 20 часот ќе настапи на концертот насловен „Шпанија во срцето“ на кој ќе прозвучат симфониската рапсодија „Шпанија“ од Емануел Шабрие, Интродукција и рондо капричиозо од Камиј Сен-Санс, Цигански напеви оп. 20 од Пабло Сарасате и грандиозната Симфонија бр. 1 во Де-дур („Титан“) од Густав Малер. На подиумот како солист ќе застане нашиот и светски виртуоз...

Голема изложба на Делакроа во „Лувр“

Ежен Делакроа е еден од најзнајните француски сликари, а последната негова ретроспективна изложба во Париз беше отворена во 1963 година еден век по неговата смрт. Во соработка во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, „Лувр“ организира голема историска изложба на Делакроа на која ќе бидат претставени околу 180 дела - главно слики. Изложбата ќе биде поделена во секции во кои ќе бидат...

Гран при на изложбата „Арт експо“ во Венеција за Кашавелски

Уметникот Синиша Кашавелски освои гран при на изложбата „Арт експо“ во Венеција, која се одржа пред десетина дена. Таа е уште една во низата награди што во изминатите неколку години тој ги добива на престижни изложби. Во 2015 година Кашавелски доби златен медал меѓу 600 уметници од цел свет на годишната изложба Салон на убавите уметности под Стаклената пирамида...

Претстава инспирирана од Вирџинија Вулф за почеток на „Танц-фест“

„Танц-фест“ вечерва, во 20 часот, во МНТ ќе ја започне програмата во „Годината на танцот“, со предотворање на музика на „Крафтверк“ и учество на деведесет деца од танцовите студио „Брејк д флор“ од Штип, под раководство на Ева Пејова, „Еурека“ од Скопје, чиј уметнички директор е Катерина Јолакоска, „Фјужн“ од Куманово, чиј уметнички директор е Бојана Додевска и „Рисимкин...

Кукушка 17 (3)

По смртта на тато, меѓу неговите пријатели продолжи да се прераскажува легендарниот натпревар со Војводина, кога, иако за директен чувар го имал големиот Вујадин Бошков, вешто го издриблал и, онака, вит и слаб, успеал да даде два (а можеби) три гола. Иако не се согласуваа во бројот на головите, сите пријатели, без исклучок, се сеќаваа на победничката прослава по...

Насим Агдам се „бореше“ за популарност на Јутуб со куршуми

Жената која го изврши синоќешниот оружен напад во седиштето на „Јутуб“ во Калифорнија, во кој беа повредени четири лица, е идентификувана како Насим Агдам (39), чиј мотив за пукањето претставува омразата кон компанијата, како што откри нејзиниот татко за американските медиуми. Таа изврши самоубиство со пиштол по нападот.  Агдам објавила видеоснимка токму на Јутуб во јануари 2017 година во која...

Продолжува протестот на прозводителите на зелка

Производителите на пролетна зелка од Муртино утрово околу 8 часот ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжи во центарот на селото. Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка. Причина за блокадата и протестот на проозводителите на...

Се урна американски воен хеликоптер, загинаа четворица маринци

Четири члена на американската морнарица загинаа во пад на воен хеликоптер во Калифорнија, за време на рутинска вежба северно од градот Пластер Сити. Морнарицата потврди дека несреќата се случила вчера околу 14:35 часот по локално време, пишува Лос Анџелес Тајмс. Федералната управа за воздухопловство го потврди падот на хеликоптерот, а според информациите на локалните медиуми станува збор за летало ЦХ-53Е, најголем...

Почнува „Танц фест“

Со танцовата претстава „Орландина“ на 4 април во Македонскиот народен театар во Скопје, свечено ќе биде отворен Танц Фест 2018 на кој ќе настапат уметници и компании од Франција, Швајцарија, Словенија, Австрија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Унгарија Словачка и Македонија. Пред отворањето ќе има музика на Kraftverk и учество на 90 деца од танцовите студија Break the floor од Штип,...