Ќе се определува максималната субвенција за купување велосипеди во Скопје

Советот на Град Скопје денеска на седница треба да донесе одлука за определување максимален износ за доделување субвенции на граѓаните за купување велосипеди. Во буџетот на Град Скопје за 2018 година за оваа намена има предвидено 10 милиони денари, а целта на мерката е стимулирање на граѓаните за помасовно користење на велосипедот како превозно средство. Минатата година Град Скопје првпат додели...

Продолжуваат судењата за „Тенк“, „Тарифа“ и „Тотал“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. На вчерашното целодневно рочиште се слушаа прислушувани разговори кои се доказ во постапката. Претходно, беа отфрлени барањата...

Коѕијас попладне доаѓа во Охрид, ќе има работна вечера со Димитров

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во Охрид ќе одржат нова средба. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на  министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји. Коѕијас, како што пренесуваат...

Седница за гласање доверба на Владата

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42. седница на која на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  Во образложението на барањето потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои...

Променливо облачно и топло до 25 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.  Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 25 степени. Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.  Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 24 степени. Во...

Макрон: Франција во следните денови ќе донесе одлука дали ќе ја бомбардира Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во следните неколку дена ќе одлучи дали да бомбардира објекти во Сирија каде што се произведува хемиско оружје. На заедничка прес-конференција со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Макрон рече дека конечната одлука ќе биде донесена по консултации со САД и Велика Британија. - Во овој контекст, ние ќе продолжиме да разменуваме технички и стратешки информации...

Суданскиот претседател нареди да се ослободат сите политички затвореници во земјата

Суданскиот претседател Омар ал Башир нареди веднаш да бидат ослободени сите политички затвореници во земјата, јави суданската државна агенција Суна. Во информацијата на Суна не се прецизира колку лица ќе бидат ослободени, но се истакнува дека одлуката е донесена во духот на „помирување, национална хармонија и мир“. Според суданската агенцијата, ослободувањето на политичките затвореници „ја отвора вратата за учество на...

Федерер ќе се врати во игра во јуни за турнирот во Штутгарт

Носителот на 20 Гренд слем титули и светски број 2, Роџер Федерер ќе се врати на теренот во јуни месец за тенискиот турнир од сериите АТП 250 во Штутгарт. Како што е познато, „Маестро“ од Базел повторно ќе ја пропушти целата сезона на земја, а потоа ќе го стори истото како и минатата година - ќе се врати во Штутгарт...

Без струја дел од Сарај, Ѓорче, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари. Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче Грачани, Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка во Општина Сарај и Ѓорче...

Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово

Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега се уште непознати лица. Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да и избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал Јанковиќ) на косовско-македонската граница. -Неколку се...