На децата им треба уметност колку и свеж воздух и храна

Со право велиме дека секое дете има право на храна и дом, образование, медицинска заштита и така натаму. Мораме да сфатиме дека секое дете има право и да ја искуси културата. Мораме во целост да разбереме дека децата без уметност, приказни, поезија и музика можат да умрат од глад, вели британскиот писател Филип Пулман, кој е добитник на меморијалната...

Херувим и богинка, Африка во Европа

На влезот во берлинскиот музеј „Боде“ на посетителите добредојде им искажуваат две голи скулптури - бронзениот Купидон, дело на ренесансниот вајар Донатело направено во 1429 година за катедралата во Сена и малата бронзена женска фигура на принцеза (или божество) од Бенин, излиена во почетокот на 17 век, веројатно за молитвениот дел на кралската палата. Фигурата на бенинската принцеза е...

Концерт на Вејчеслав Поповски во МОБ

Младиот уметник Вејчеслав Поповски на 14 април во Македонската опера и балет ќе одржи гала-концерт насловен „Љубовна елегија“. На концертот ќе бидат изведени едни од најстарите македонски народни песни: „Калеш Анѓа“, „Бор садила мома Евгенија“, „Билјана платно белеше“, „Саноќ седам Трено“, „Кажи, кажи, либе Стано“. Аранжманот е на Вејчеслав Поповски, кој ќе настапи во придружба на оркестарот на Македонската...

Иванов учествува на Евроазиски економски самит во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што ќе се одржи во Истанбул. Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“. Организатор на Евроазискиот...

Конкурс за работилници за филм и театарска критика

Младински културен центар објавува конкурс за учесници за циклус работилници за филмска и театарска критика, како дел од проектот „Гледај.мк“. Работилниците ќе се реализираат во периодот од април до октомври 2018 година, ќе бидат еднодневни и ќе се одржуваат еднаш месечно. Во периодот меѓу работилниците, учесниците ќе работат на развивање на своите вештини за креативно пишување и критичко размислување...

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2017

На писателката Фросина Пармаковска утре на пригодна свеченост во 18 часот во „Даутпашин амам“ ќе ѝ биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Пармаковска беше избрана за добитничка на признанието за својот трет роман „Одбројување“, издание на „Или-или“, во конкуренција на 27 романи. Оваа година наградата се доделува 19-ти пат. По згаснувањето на „Утрински весник“, кој до...

„Егзистирање“ на „Танц-фест“

Вечерва во 20 часот, во МКЦ, во рамките на „Танц-фест“ на програмата е претставата „Егзистирање“, најновата премиера на „Скопје танцов театар“. Составена е од три кратки кореографии, а настапуваат младите танчари на „Скопје танцов театар“. Првиот дел „Вот хепенд ту...селф“ е кореографија на Јакуб Муњко. Настапуваат: Јована Зајкова, Сара Цветковска. Тереза Лазарев. Артемиса Морина, Бобан Русески Вториот дел насловен „БЕЗ...

Расте билансот на затруени со алкохол во Индонезија, најмалку 100 починати

Најмалку 100 лица починаа на индонезискиот остров Јава откако испиле контаминиран алкохол, соопшти денеска полицијата. Жртвите починале во покраината Западна Јава и Џакарта овој месец, откако пиеле евтини алкохолни пијалаци произведени во домашни услови. Уште 80 други луѓе се хоспитализирани. Властите во градот Бандунга прогласија вонредна состојба откако 45 луѓе умреле во тој град. Десетици луѓе умираат секоја година од труење со метанол...

Претставата „Еднаш свет изградив“ во Театарот за деца и младинци

Претставата „Еднаш свет изградив“ ќе биде изведена вечерва во 20 часот во Театарот за деца и младинци - Скопје. Претставата е на режисерот Јане Спасиќ по мотиви од романот „Сидарта“ на германскиот нобеловец Херман Хесе. Станува збор за премиерна изведба на младинска претстава работена по мотиви од романот „Сидарта“ на германскиот класик Херман Хесе и за проект што е...

Концерт во чест на Саша Николовски-Ѓумар

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија во чест на својот долгогодишен соработник, еден од најзначајните и најистакнати диригенти и професори Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), ќе одржи концерт на 21 април во салата на Македонската филхармонија. Камерниот оркестар на МММ низ својата богата историја остварува многубројни успеси низ најпрестижните музички центри во Европа. Концертот ќе се реализира под раководство на една...